Нова песна на Антонио Пејоски

После одличните две авторски песни “НАЈМИЛА” и “НЕКА ГОРИ”, како и одличниот кавер на песната “Nunca te Olvidare”, Антонио повторно не изненадува со уште една прекрасна песна која носи наслов “ВЕЧНО ОСАМЕН” која што оваа година му го донесе второто место од стручното жири на ЕВРОФЕСТ 2014 – Скопје.

антонио пејоски
antonio pejoski

После одличните две авторски песни “НАЈМИЛА” и “НЕКА ГОРИ”, како и одличниот кавер на песната “Nunca te Olvidare”, Антонио повторно не изненадува со уште една прекрасна песна која носи наслов “ВЕЧНО ОСАМЕН” која што оваа година му го донесе второто место од стручното жири на ЕВРОФЕСТ 2014 – Скопје.

антонио пејоскиКако автор на текстот се јавува самиот пеач, а музиката е на име на Славиша Киброски(К-Тим продукција) со кој Антонио соработува веќе подолго време.

Ова младо момче е неуморно и чекори кон врвот на македонската естрада, а факт повеќе за тоа се и неговите бројни ангажмани по концерти, ноќните клубови, кафулиња и дискотеки ширум нашата земја.

Од Антонио дознавме дека на 16-ти овој месец ќе настапува на Хуманитарниот концерт во Штип, кој го организира здружението “ЦИВИТАС”, кој има за цел помош на децата со посебни потреби од дневниот центар во Штип.  Исто така ни откри и дека во Мај 2015 година ќе настапува на интернационалниот фестивал “Discovery” во Бугарија.   

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top