Јул 31, 2019

„Дуо Австрија“ на програмата на „Охридско лето“

Магијата на вокалот на Тимна Брауер и нејзините вештини со гирата, засилени од виртуозната игра на клавијатурите и перкусиите на Елијас Меири, вечер во предворјето на црквата СВ. Софија во 21 часот ќе ја почестат фестивласката публика со вистинска музичка магија, претставувајќи мал дел од светската музика. Тимна Брауер е родена е во Виена, Австрија во израелско-австриско семејство, матурира во француската гимназија во Виена, а продолжува да студира гитара, пијано и соло пеење на Конзерваториумот во Виена. Магистрира музикологија на престижната Сорбона во Париз, а се усовршува на мајсторски…

Јул 25, 2019

OHRID CALLING 2019

Течат последните подготовки за најголемиот музички настан ова лето во Македонија, „Охрид колинг“, четири фестивалски вечери музика и забава со учество на 24 интернационални диџеи, меѓу кои и суперстар-диџеите Стив Ајоки, Фед ле Гранд, Нерво, Робин Шулц, Кунгс, Санери Џејмс и Рајан Марчијано, Вини Вики. „Годинава сме на нова локација која е многу подобра од претходната и баш е фестивалска за овој настан. Подготовките течат во најдобар ред ќе имаме спектакуларна бина, многу светлосни ефекти, пиротехника и работиме со истата проверена екипа сите години наназад, „Sky Music“ од Белград. НАстапи…

Јул 25, 2019

Народниот театар од Битола вечерва гостува на „Охридско лето“

Народен театар Битола ja носи на „Охридско лето“ театарската претстава „Бакхи- Краток преглед на распадот“ по Бакхи од Еврипид, а во режија на Игор Вук Торбица. Претставата ќе се одигра во Центарот за култура „Григор Прличев“ со почеток во 21 часот. Станува збор за длабока загатка за релативноста и променливоста на нашиот идентитет. Според режисерот Игор Вук Торбица, меѓу преостанатите и сочувани грчки трагедии на Еврипид, Бакхи се издигнува заради неколку тематски и формални причини, но, како што вели, можеби најважна е таа што Бакхите ја содржат алузијата на театарот сам по себе и фактот…

Јул 23, 2019

Бугарија и Северна Македонија заедно против трговијата со луѓе

Заменик претседателот на македонската Влада и министер за внатрешни работи Оливер Спасовски и Вицепремиерот за јавен ред и безбедност и министер за одбрана на Република Бугарија Красимир Каракачанов денес во Охрид ќе потпишат протокол за соработка во областа на борбата против трговија со луѓе. Чинот на потпишувањето ќе се одржи во 10:30 часот во премиерската вила во Охрид.

Јул 19, 2019

Две изложби и концерт на камерна музика вечерва на „Охридско лето“

Две изложби и концерт на камерна музика вечерва на „Охридско лето“. Во рамки фестивалската програма на неколку локации низ Охрид со почеток во 20 часот вечерва, ќе биде поставена Јубилејна изложба посветена на 30 години од творештвото во Охрид на академскиот сликар Стефан Хаџи-Николов – Масло на платно.Стефан Хаџи-Николов самостојно изложувал 75 пати во Скопје, Охрид, Солун, Истанбул, Анкара, Софија, Пловдив, Варна, Белград, Ниш, Приштина, Лондон, Париз итн. Оваа изложба ќе биде негово осмо самостојно претставување во Охрид одбележувајќи 30 годишен јубилеј од првата самостојна изложба во О…

Јул 17, 2019

Вечер на „Охридско лето“ трио „Пендерецки“

Вечер на програмата на „Охридско лето“ вистинско музичко доживување за љубителите на класичната музика, звуците на пианото, виолината и виолончелото. Шестиот ден од програмата на годинешното издание на „Охридско лето“ нуди концерт на полското трио „Пендерецки“, составено од уметниците Конрад Сколарски на пијано, Јарослав Наджицки на виолина и Карол Марјановски на виолончело. Триото „Пендерецки“ е создадено со голем ентузијазам од страна на тројца од најдобрите и најзначајни полски музичари на денешницата. Долги години тие биле блиски со легендарниот композитор Кшиштоф Пендерецки и со негов…

Јул 13, 2019

Спектакуларен старт на годинешното „Охридско лето“

Со незаборавен концерт на светската виолинистка Ванеса Меј , синоќа во преполниот Антички театар во Охрид беше свечено отворено 59 то издание на фестивалот Охридско лето. Илјаднитата публика во вековниот театар уживаше во величествениот настап на „чудото на виолина“ , нејзината група и македонската филхармонија. Со интонирање на фестивалската химна и палење на фестивалскиот оган , годинешното издание за отворено го прогласи покровителот – претседателот Стево Пендароски. -Во наредните 40 дена ќе бидеме граѓани на уште една наша заедничка татковина. Таа постои од почетокот на човештвото. Н…

Јул 1, 2019

ДЕНЕСКА И ВО НАРЕДНИТЕ ДВА ДЕНА, ЦЕЛАТА ДРЖАВА ЌЕ БИДЕ ЗАФАТЕНА СО ТЕМПЕРАТУРИ ОД ЖОЛТА (АЛЕРТНА) ФАЗА

Според информациите од Управата за хидрометеоролошки работи, денеска и во наредните два дена, целата држава ќе биде зафатена со температури од жолта (алертна) фаза. Под влијание на топол бран утре (вторник, 02.07.2019 година) и во среда (03.07.2019 година) максималните температури насекаде ќе бидат над 30, а на повеќе места ќе надминат и 35 степени. Зголемената влажност на воздухот ќе допринесе да се има чувство дека температурите се повисоки од измерените. Од среда до петок во попладневите часови ќе има услови за локален пороен дожд и грмежи. Министерството за здравство апелира граѓаните…
Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top