Мај 13, 2019

НЕДЕЛНА АГЕНДА НА АКТИВНОСТИ ВО НУ БИБЛИОТЕКА „ГРИГОР ПРЛИЧЕВ“

Во понеделник на 13 мај во 12 часот во НУ Библиотека „Григор Прличев“ ќе се одржи промоција на романот „ГРЕХ ЈЕДНЕ РОМКИНЈЕ “ од Златомир Јовановиќ од Обреновац. – Србија. Јовановиќ е познат културолог , книжевник, естетичар и публицист. Тоје прв учител по ромски јазик во Србија и голем поборник за оствaрување на правата на Ромите во соседна Република Србија. За творештвото и животниот пат на Јовановиќ ќе говорат неговите колеги Ибрахим Џемаили од Скопје и Мирко Томовски од Охрид.

Мај 7, 2019

Неговата Светост Папата Францискo пристигна во Скопје

Поглаварот на Римокатоличката црква Папата Францискo во рамки на апостолската посета на Република Северна Македонија, прво оствари средба осо претставниците на државниот врв,претставници на дипломатскиот кор и пред претставниците на граѓанското општество и медиумите при што се заблагодари за можноста што му се укажа да ја посети нашата земја, и која доаѓа како прва посета на еден наследник на Апостол Петар на 25 годишнината од воспоставувањето на дипломатски односи на Република Северна Македонија со Светиот Престол. Тој истакна дека: – „Вашата земја е мост помеѓу Истокот и Западот и место …

Мај 7, 2019

Претставата „АЛИСА ВО ЗЕМЈАТА НА ЧУДАТА” повторно на репертоарот на Народниот театар од Охрид

Овој петок, 10.05.2019 година на репертоарот на Охридскиот театар ќе биде изведена ДЕТСКАТА ПРЕТСТАВА – „АЛИСА ВО ЗЕМЈАТА НА ЧУДАТА” од англискиот писател Луис Карол наменета за најмладите. Режија: Ѓорѓи РизескиИграат: Адријана Билаловиќ Тодороска, Филип Кипровски, Павел Маслов, Ивица Цонев.Цена на карта 100 денари, почеток 19.00 часотТелефон за резервации 046/261-063, 075/283-066

Мај 5, 2019

МВР: Мирен изборен ден

До 12 часот Министерството за внатрешни работи нема регистрирано нарушувања на јавниот ред и мир во текот на гласањето, соопшти портпаролот на МВР Тони Ангеловски на денешната прес конференција. „Гласањето се одвива мирно, без проблеми. Министерството за внатрешни работи апелира до граѓаните и во преостанатиот дел од денот на мирен и достоинствен начин да го искористат своето гласачко право. Секој обид за нарушување на изборниот процес ќе биде бескомпромисно санкциониран. Но, уште еднаш ќе потенцирам дека до сега, нема ниту едно нарушување на јавниот ред и мир“, рече Ангеловски.

Мај 3, 2019

Прва самостојна изложба на Александар Илиевски

Александар Илиевски апсолвент на Универзитетот за Информатички науки и технологии „Св. Апостол Павле“, Охрид Изложбата носи наслов „Биди вода“. Мотивациите за творбите произлегуваат од зачувување на природата и нејзините ресурси, климатските промени, пост апокалипсата, научнафантастика, романтика. Истиот принт од нив ќе може да се купи на лице место. На настанот освен статични уметнички дела ќе има и преглед на 3Д модели кои ќе излегуваат од самолепливи сликички, сликичките ќе можат да се купуваат на отворениот штанд во самиот ходник на факултетот, за кои сите средства од самолепливите сл…

Апр 30, 2019

На репертоарот во Центарот за култура овој петок повторно ќе биде изведена претставата „АНАЛФАБЕТ”

На репертоарот во Центарот за култура повторно ќе биде изведена претставата „АНАЛФАБЕТ” – комедија според Бранислав Нушиќ, режија Ѓорѓи Ризески. Картите по цена од 200 денари се пуштени во продажба на билетарата при НУЦК “Григор Прличев” – Охрид, почеток 20.00 часот. Телефон за резервации 046/261-063, 075/283-066. *Претставата не е за лица помлади од 14 години и во истата се користат пиротехнички средства. Играат: Горан Стојаноски – Максим БлагадушаНикола Тодороски – Митре П. КлатипатлакСтрезо Стаматовски – Румен ВујаклијаАдријана Билаловиќ Тодороска – Магдалена Лапајкоска – ДупеваСценогр…

Тоше Проески
Јан 25, 2022
Крушево

Во Крушево се одбележува роденденот на Тоше

Во Крушево денеска ќе биде одбележан 41 роденден на нашата и балканска музичка ѕвезда Тоше Проески, кој загина во сообраќајна несреќа на 16 октомври 2007 година кај Велика Градишка во Хрватска. Одбележувањето ќе започне со крводарителска акција во спомен куќата „Тодор Проески” на Гумење, а во 10:30 часот е најавена промоција на книгата на Бојан Тодоровски и музички настап на Никола Зацески со групата „Мелем”. Од 11 часот ќе биде промовирана збирката песни „1 200 молитви за Тоше”, со музички перформанс на Горан Папаз, а напладне ќе бидат доделени хуманитарни ваучери. Од 12:30 часот е планир…

Апр 25, 2019

Што најмногу читаа охриѓани во 2018

По повод Светскиот ден на книгата и авторското НУ Библиотека „Григор Прличев“ спроведе интерна анкета и анализа за тоа што најмногу читаат и кои автори и дела од домашаната и светска литература бараат членовите на библиотеката. Анализата направена од страна на Оделот за издавање и позајмување на книги по области за 2018 година покажува дека најпопуларни и најбарани се: книгите за деца, стручните и научни книги, љубовните романи , трилерите и книгите чија содржина е податлива за самопомош. Меѓу првите пет од странската литература ( редоследот е случаен )изгледа вака: СЕДУМТЕ СЕСТРИ – Лусин…
Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top