Денеска започнуваат кампањите на партиите за изборите во Македонија на 11 декември. ВМРО ДПМНЕ, традиционално кампањата ќе ја започне со митинг во Охрид.
СДСМ годинава започнува во Прилеп, а партијата ДУИ која вчера ги претстави носителите на листите во спортската сала „Борис Трајковски“ во Скопје официјалниот почеток на кампањата го има денеска во Липково.
Коалицијата „ВМРО за Македонија“ ја почнува кампањата утре во Охрид. „Коалицијата за промени и правда“ пак стартува денеска во хотел „Континентал“ во Скопје.
Човечкиот род може да исчезне за околу 1.000 години доколку не избегаат од „кревката“ Земја – предупредува професорот Стивен Хокин, пренесува порталот „Факултети“.
Познатиот теоретски физичар објаснува дека ризиците од нуклеарна војна, вештачки вируси и малициозна вештачка интелигенција може да значат дека деновите на човештвото на оваа планета се изброени.
Професорот Хокинг ги повика луѓето да започнат да се интересираат за патување во вселената, така што иднината на човечката раса би можела да биде обезбедена меѓу ѕвездите.
„Можеби еден ден ќе можеме да ги користиме гравитациските бран…
Џеки Чен доби златна статуетка. За време на манифестацијата Governors Awards, славниот актер не можеше да ја сокрие радоста додека ја примаше почесната награда.
Во својот говор, 62-годишната ѕвезда им се заблагодари на фановите, семејството, Холивуд и неговата родна земја Кина. Чен раскажа дека пред 23 години во куќата на Силвестер Сталоне видел оскаровска статуетка и во тој момент решил дека сака да има една.
„По 56 години во филмската индустрија, над 200 снимени филма и многу скршени коски, конечно ова е мое“ – рече Чен, држејќи ја статуетката.
Џеки Чен има снимено голем број филмски х…
Пејачот и поет Леонард Коен почина во четвртокот на 82-годишна возраст. Ќе го паметиме по безбројните хитови и прекрасната лирика. Нема детали за причината за неговата смрт.
Коен беше еден од највлијателните музичари и текстописци кој се појави во 1960-те години, заедно со други легенди како Нобеловиот лауреат Боб Дилан и сонародникот Џони Мичел. Неговиот впечатлив баритон и поетската лирика раскажуваа приказни за љубов, омраза, смрт, војна и мир, со што ја заработи титулата „висок свештеник на патосот“ и „кум на мракот“.
Неговото дело опфаќа пет децении во кои објави 14 студиски албуми, …
Европската комисија денеска ги објави годишните извештаи за напредокот на земјите кандидати за членство во Европската унија.
Еврокомесарот Јоханес Хан, денеска најпрвин извештаите ги претстави пред Евро комисијата, а потоа и официјално и пред Комитетот за надворешни работи на Европскиот парламент. Македонија доби уште една условена препорака од Европската Комисија во годишниот Извештај за напредокот на земјата. Препораката, како и минатата година, зависи од успешната имплементација на Договорот од Пржино.
Слободата на изразување и ситуацијата во медиумите остануваат најголемите предизвици…
Новиот кормилар на Западот е Доналд Трамп, така одлучи американскиот народ.
Оваа беше најнеизвесната претседателска трка во историјата на САД, преполна со обелоденети контроверзи за двете страни, кои претежнаа на страната на Демократите и се покажаа пресудни за нивниот пораз.
По два мандата на Демократите, во Овалната соба се сместува Републиканец, длабоко конзервативен и ретрограден во своите сфаќања, кој сепак некако се вклопува во целокупната слика на светот, каде десницата е доминантен владетел со политичкиот простор.
Статистиките покажале дека 76% од предизборните ветувања на претсе…
Берзите во светот и американскиот долар продолжуваат да бележат пад поради загриженоста на инвеститорите во врска со тесната претседателска трка во Соединетите држави.
Американските анкети покажуваат дека двајцата кандидати, Хилари Клинтон и Доналд Трамп, имаат изедначени шанси за победа. Тоа, според економистите, ги принудува инвеститорите веќе да не се потпираат врз победата на Клинтон што би значела континуитет на политиките етаблирани од претседтелот Барак Обама.
Вредноста на доларот е на рекордно ниско ниво спрема еврото и јенот во изминативе над три недели.
Од 15 ноември почнува да важи задолжителната обврска за носење зимска опрема во возилата. За возачите на автомобили, џипови и лесни камиони е задолжително носење зимски гуми и синџири, а за возачите на автобуси и на тешки камиони и лопата ако на погонските тркала не може да се постават синџири за снег.
Еве што ви е потребно
За мотоните возила со тежина која не надминува 3 500 кг во зимска опрема влегува:
– зимски гуми на сите тркача со минимална длабочина од 4 милиметри
– гуми со летен профил на сите тркала со најмалку 4 милиметри длабочина по слојот што гази, ако возилото во приборот и…