• Почетна
  • Archive
  • Сцена & Муабети
  • Препораката за почеток на преговорите, но во зависност од целосната имплементација на Договорот од Пржино

Препораката за почеток на преговорите, но во зависност од целосната имплементација на Договорот од Пржино

Европската комисија денеска  ги објави најновите прогрес извештаи за напредокот на земјите кандидати за членство во Европската унија во процесот на проширување.

 |   | 

Европската комисија денеска ги објави годишните извештаи за напредокот на земјите кандидати за членство во Европската унија.

Еврокомесарот Јоханес Хан, денеска најпрвин извештаите ги претстави пред Евро комисијата, а потоа и официјално и пред Комитетот за надворешни работи на Европскиот парламент. Македонија доби уште една условена препорака од Европската Комисија во годишниот Извештај за напредокот на земјата. Препораката, како и минатата година, зависи од успешната имплементација на Договорот од Пржино.

Слободата на изразување и ситуацијата во медиумите остануваат најголемите предизвици во моменталната политичка клима. Во извештајот исто така стои дека мора да се обезбедат услови за веродостоен изборен процес без спречување и заплашувањето на гласачите, овозможување на поделба меѓу државните и партиските активности, балансирано медиумско известување и постојано обновување на гласачките листи. Се прават и дополнителни напори за зголемување на капацитетите на Државната изборна комисија.

Европската Комисија понатаму лоцира сериозни предизвици во делот на демократското владеење и изразува загриженост за „заробеноста на институции и клучни делови од општеството од страна на државата“. „Независните регулаторни, надзорни и советнички тела не беа во можност да ги извршуваат своите функции проактивно, ефективно и без политички притисок, што доведе до ограничен надзор над извршната власт“, се вели во извештајот.

Брисел не евидентирал никаков напредок во однос на минатогодишните препораки за граѓанското општество, напротив, констатирано е влошување на опкржувањето во кое работат НВО.
Судскиот систем, оценува Европската Комисија, продолжува да назадува и тоа претставува „голема грижа“. Се бара целосна поддршка и ресурси за Специјалното обвинителство, деполитизација на судството и во пракса, а не само на хартија, и реформа на целиот судски систем преку усвојување на препораките на Венецијанската комисија и реформската стратегија.

Иако земјата покажува одредено ниво на подготвеност за борба против корупцијата сепак, корупцијата и нејзиното присуство во многу области од општественото живеење останува како една од најсериозните забелешки во извештајот.

Меѓуетничката ситуација во земјата е оценета како чувствителна, додека во регионалната соработка е истакнато дека проблемот со името треба да биде решен во најскоро можно време.

Кога станува збор за економските критериуми, државата оваа година покажала добро ниво на подготвеност во развој на функционална пазарна економија. Иако стапката на невработеност, особено кај младите сеуште останува висока, сепак во изминатиот пероиод истата бележи пад. Загрижува менаџирањето со јавните финансии кое во периодов не се подобрило, а исто така загрижуува и континуираното зголемување на јавниот долг.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top