Трамп победи во најнеизвесната претседателска трка

Новиот кормилар на Западот е Доналд Трамп, така одлучи американскиот народ.

 |   | 

Новиот кормилар на Западот е Доналд Трамп, така одлучи американскиот народ.

Оваа беше најнеизвесната претседателска трка во историјата на САД, преполна со обелоденети контроверзи за двете страни, кои претежнаа на страната на Демократите и се покажаа пресудни за нивниот пораз.

По два мандата на Демократите, во Овалната соба се сместува Републиканец, длабоко конзервативен и ретрограден во своите сфаќања, кој сепак некако се вклопува во целокупната слика на светот, каде десницата е доминантен владетел со политичкиот простор.

Статистиките покажале дека 76% од предизборните ветувања на претседателските кандидати, се реализираат од позиција на власт, па затоа се очекуваат многу „интересни“ мандатарски денови за Америка и светот.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top