Таеквондо клубот „ХВА РАНГ ИТФ” Лескоец-Охрид овој викенд 11.02 -12 .02 2017,организира Технички семинар со проф. Сениор Гранд Мастер КИМ УНГ ЧОЛ црн појас , претседател на комисијата за организирање турнири во рамките на ИТФ(Интенатионал Таекњондо Федератион).
Во светот има само двајца кои се нсоители на титулата Сениор Гранд Мастер , огромна е честа што овој мастер повторно ќе во Македонија, велат од клубот.
Тренинзите ке се одрзуваат во спортската сала “Тодор Александров”- Велгоштина 11 .02 2017 сабота : 09-11 х , 16-18на 12 .02 2017 неделаа : 15-17
Со овај семинар започнувааат активн…
Црквата Св.Јован Богослов – Канео на брегот на Охридското Езеро е претставена на поштенска марка, која вчера официјално беше промовирана во Скопје.
Рускиот амбасадор во Македонија Олег Шчербак на промоцијата потенцираше дека на македонската марка, е претставена црквата Св.Јован Богослов -Канео која се наоѓа на живописното место на брегот на бисерот на Македонија – Охридското Езеро, позната во државава и странство.
На руската марка, пак, посочи Шчербак, е црквата „Света Троица“ која е меѓу најпочитуваните духовни светлишта на Русија. Во неа се наоѓаат ремек делото од рускиот иконопис – лик…
Регулаторната комисија за енергетика, донесе одлука од ноќеска на полноќ, малопродажните цени на ЕУРОСУПЕР БС-95 и на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) да се зголемуват за 0,50 денари за литар.
Новата цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 ќе изнесува 66,50 ден/лит, а на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) 53,00 ден/лит. Малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-98 не се менува, односно останува 68,50 ден/лит. За еден денар поскапува Екстра лесното масло за домаќинство и ќе изнесува 42,00 ден/лит. Малопродажната цена на мазутот М-1 НС, пак, се намалува за 0,680 денари и килограм ќе чини 27,845 денари.
ТАВ Македонија преговара со германската нискобуџетна авиокомпанија Еуровингс, која е дел од групацијата Луфтханза, за воведување авиолинии Скопје-Минхен и Скопје-Дизелдорф, информираат од аеродромскиот оператор.
По првичните отпочнати преговори, деновиве претставник на Еуровингс дојде во Скопје и се сретна со менаџментот на ТАВ Македонија и претставниците на маркетинг-одделот на ТАВ Аеродроми од Истанбул, како и надлежните владини институции и туристичките агенции од земјава.
Еуровингс со седиште во Дизелдорф е дел од групацијата Луфтханза и се смета за нискобуџетна авиокомпанија. Лета до…
Земјотрес со јачина од 5,2 степени според Рихтеровата скала го погоди брегот на западна Турција околу 07:00 часот по локално време, соопшти Европскиот сеизмолошки центар.
Епицентарот на земјотресот е на 156 километри северозападно од турскиот град Измир, крај островот Лезбос. Следеа серија од последователни потреси со интензитет меѓу 3 и 4 степени според Рихтеровата скала.
Земјотресот бил почувствуван во провинциите Текирдаг и Чанаккале, објавија турските медиуми. Во оваа фаза нема известувања за повредени или материјална штета.
Министерството чиј единствен ресор е смеата, од утре на ТВМ ТелевизијА. Секоја сабота со почеток во 17:30, гледачите ќе може убаво да се изнасмеат преку изјавите на министерот за комедија, актерот и стендап комичар Никола Тодоровски, кој воедно е и автор на оваа урнебесна емисија. Тодоровски вели, единствена, едноставна причина за креирањето на оваа емисија, е потребата на нашиот народ убаво од срце да се изнасмее и барем за миг да заборави на секојдневните проблеми.
„Мислам дека хуморот, барем јас така го доживувам е еден вид на институција за мене и мислам дека го заслужува пиедесталот в…
Светскиот ден за борба против карциномот претставува глобален настан кој се одвива секоја година на 04 февруари и ја обединува светската популација во борбата против карциномот.
Главната цел на овој настан е да се спречат милиони смртни случаи секоја година преку подигнување на свесноста и едукација за болеста, преку наметнување притисок врз владите и поединците ширум светот да ги преземат потребните акции.
Светскиот ден за борба против карциномот во периодот 2016 – 2018 година се спроведува под слоганoт “Ние можеме, јас можам” и повикува на активно вклучување на поединците, заедницата, и…
Мандат за состав на нова влада ќе добие партијата или коалицијата која ќе ме извести и докаже дека обезбедила мнозинство во Собранието, рече вечерва претседателот Ѓорге Иванов по целодневните консултации со политички партии кои обезбедија места во парламентот.
Прво потврда и доказ за мнозинство, па потоа мандат за составување на влада во согласност со член 90 од Уставот на Македонија, рече Иванов.
„Од оние што ќе ја составуваат новата влада барам во својата програма да имаат два клучни приоритети – прво, заштита на државните интереси на Република Македонија, што подразбира зачувување и за…