Од утре на ТВМ „Министерство за комедија“

Ако вашиот ресор е смеата, тогаш хумористично сатричната авторска емисија „Министерство за комедија“  на стендап комичарот Никола Тодоровски, е вистинскиот избор.

 |   | 

Министерството чиј единствен ресор е смеата, од утре на ТВМ ТелевизијА. Секоја сабота со почеток во 17:30, гледачите ќе може убаво да се изнасмеат преку изјавите на министерот за комедија, актерот и стендап комичар Никола Тодоровски, кој воедно е и автор на оваа урнебесна емисија. Тодоровски вели, единствена, едноставна причина за креирањето на оваа емисија, е потребата на нашиот народ убаво од срце да се изнасмее и барем за миг да заборави на секојдневните проблеми.

„Мислам дека хуморот, барем јас така го доживувам е еден вид на институција за мене и мислам дека го заслужува пиедесталот во општеството многу погоре одошто во моментов го има и ќе се потрудам на еден комичен сатиричен начин да ги коментирам сите оние работи кои што се случуваат во текот на неделата коишто се прилично тешки за сите нас. Да дадам еден поинаков агол на работите и едноставно да се релакисраме од притисокот кој ни го налагаат сите општествено, политички, економски и социјални случувања“ вели актерот Никола Тодоровоски.

Тодоровоски вели дека луѓето и нивните кафе муабети и коментари на улица се непресушниот извор на инспирација и материјал за креирањето на оваа негова емисија, бидејќи народот иако се плаши јавно да каже, свесен е за минливоста на функцијата политичар, како и за нивната вистинска улога во општеството.

„Сакам да направам материјал, сакам да наравам емисија која секогаш ќе биде на страната на народот. Значи јас го застапувам гледањето на обичниот граѓанин, оној кој секојдневно по дома тајно ги коментира работите што му лежат на срце, јас се трудам, да го заземам тој медиумски простор од 15-тина минути и да ги кажам работите онака како што ги слушам на улица, по дома, со другари, пријатели, непознати луѓе“ потенцира Тодоровски.

Политиката секогаш е неисцрпен извор на теми за шегување, но извор кој во Македонија и во светот во последнава деценија е премногу експлоатиран, но во секој случај извор кој еден сериозен комичар не смее да го игнорира. Но, „Министерството за комедија“, нема ексклузивно да се фокусира на исмејување на политичките состојби, туку ќе се смееме на сите општествено економски и социјални моменти во Охрид и земјава.

„Министерство за комедија“ е авторски проект на актерот и стендап комичар Никола Тодоровски, изработен во соработка со Регионаланата ТелевизијА ТВМ. Првото издание утре премиерно во 17:30,по ТВМ Дневник.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top