Светски ден за борба против ракот

Светскиот ден за борба против карциномот  претставува глобален настан кој се одвива секоја година на 04 февруари и ја обединува светската популација во борбата против карциномот.

 |   | 

Светскиот ден за борба против карциномот претставува глобален настан кој се одвива секоја година на 04 февруари и ја обединува светската популација во борбата против карциномот.

Главната цел на овој настан е да се спречат милиони смртни случаи секоја година преку подигнување на свесноста и едукација за болеста, преку наметнување притисок врз владите и поединците ширум светот да ги преземат потребните акции.

Светскиот ден за борба против карциномот во периодот 2016 – 2018 година се спроведува под слоганoт “Ние можеме, јас можам” и повикува на активно вклучување на поединците, заедницата, и надлежните институции со цел превенција и намалување на последиците од појавата на карциномите. Кампањата се фокусира на информирање и едукација за зголемена свесноста за превенција од карцином; обезбедување на соодветен пристап до здравствените услуги; обезбедување здрава животна средина; и повикува на унапредување на политиките по однос на ова прашање.

Имено според Светската декларација за карцином, секоја држава треба да обезбеди универзален пристап за населението до скрининг методите за рана детекција на карциномите, вклучувајќи го и карциномот на ракот на грлото на матката. Со воведување на овие методи значително се намалува стапката на смртност од карциномите.

Смртноста од ракот на грлото на матката во Р. Македонија бележи пораст во периодот од 2011 до 2014 година. Имено во 2011 година стапката на смртноста изнесува 1,5 на 100.000 жени, додека во 2014 изнесува 4,1 на 100.000 жени, и покрај тоа што овој вид на карцином може навремено да се открие и излекува.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top