Јун 20, 2011

Пак погрешен парфем?!

Секој парфем го менува мирисот во текот на денот бидејќи истиот настанува со мешање на состојки групирани во три слоја кои на секоја кожа дејствуваат различно.Горните мирисни ноти испаруваат најбрзо, па затоа веднаш може да ги почувствувате. Најчесто станува збор за освежителни цитрусни ароми. Средните ноти вообичаено се светни состојки кои подолго се задржуваат и се развиваат активирајќи ги базните мирисни ноти на парфемот. Третиот слој е најтраен и потекнува од посилни мириси на дрво и силни зачини. Затоа пред да купите парфем нанесете го на кожата и направете тест период од еден ден за д…

Јун 20, 2011

„Со книга на плажа“

Од денеска (20 јуни) почнува традиционалната книжевна акција што ја организира Клубот „Матица“ – „Со книга на плажа“. Веќе 13 години членовите и читателите во Македонија ја имаат можноста своето слободно време од летниот одмор да го искористат за читање на добра книга. Практиката од минатите години говори дека македонскиот читател е вистински вљубеник во книгата и доброто четиво, а покрај задолжителните работи потребни за летниот одмор, околу 25.000 македонски читатели со себе ги понесуваат своите книги од омилените автори.Годинава изборот е зголемен како со домашна, така и со странска лите…

Јун 18, 2011

Пиење од пластични шишиња – опасно по здравје

Научниците веќе долго време се загрижени поради можните последици од бисфенолот А (BPA) врз здравјето на луѓето, а таа хемикалија секојдневно се користи во бројните пластични амбалажи на разни прехрамбени производи и на напитоци. Исто така, хемикалијата BPA се користи и во лимената амбалажа, а во некои земји таа и службено е прогласена за токсична.Испитувањето покажало дека испитаниците кои пиеле една недела од шишиња со поликарбонат имале за 69% поголема концентрација на хемикалијата BPA во примероците на урината, во споредба со оние кои не пиеле од пластични шишиња. Научниците не откриле …

Јун 17, 2011

Експертите изработиле портрет на совршена жена

Во една студија, која опфатила над 66 илјади мажи во светот, експертите прецизирале како би требало да изгледа и кои навики треба да ги има една совршена жена. Забележано е дека изгледот и материјалниот статус имаат важна улога во вреднување на понежниот пол. Најпосакуваната и најидеална жена, навеле експертите, би требало да има долга плава коса, да не биде потешка од 60 килограми и повисока од 172 сантиметри. Идеалната жена не би требало да има деца, но би морала да поседува свој животен простор на пример стан или куќа.Не е пресудно да биде добра домаќинка, но мора да сака животни. Интере…

Јун 16, 2011

Што е color blocking?

Виолетово и портокалово – во оваа комбинација блеснаа Шерил Кол, Ким Кардашијан и Џесика Алба, а ги красат и насловните страници на познатите модни списанија, како “Vogue” и “Marie Claire”. Тоа е дел од најновиот тренд наречен Color Blocking. Како наједноставно да се објасни овој тренд- се` оди со се`. Нема правила, можете да комбинирате колку и какви сакате бои.Впечатливата комбинација на виолетова и портокалова достигна до насловните страници на престижните списанија Vogue и Marie Claire. Интензивна портокалова и елегантно ненаметлива виолетова, во минатогодишните модни правила никогаш не…

Јун 15, 2011

ВИДЕО: Решил на Далај Лама виц да му кажува

Австралијански водител Карл Стефанович на крајот на интервјуто со Далај Лама, решил дека ќе биде штосно на тибетанскиот духовен лидер да му раскаже еден виц.“Влегол Далај Лама во пицерија и рекол: Можете ли да ми направите една пица со се’ ?“, гласел вицот што Карл Стефанович го раскажал во емисијата “Тудеј“.Далај Лама, кој седел спроти водителот, останал збунет.Сепак, откако Стефанович рекол: “Знаев дека нема да успее“, двајцата почнале да се смеат.Погледнете како изгледало тоа.{hwdvideoshare}id=1393|width=300|height=225{/hwdvideoshare}Остатокот од вицот гласи (мора на англиски затоа што н…

Јун 15, 2011

Која е бојата на џет сетот?

Новинарот Џон Канингам од весникот „Њујорк тајмс“ се впушти во едно мало истражување на улиците на Њујорк со цел да дознае што носат џет-сетерите и како се препознаваат. По кратко шетање по Петтата авенија и неколку други локации на кои се движат трендсетерите, заклучокот е следен: „Туристите во Њујорк можеби ќе си речат – кој умрел, луѓето овде се сите облечени во црно. Но, во суштина, тоа е заштитната боја на џет-сетот и елитата овде. Воедно, забележавме дека и така се распознаваат. Стилот, одбраниот бренд и ексцентричноста, им овозможува на овие луѓе да застанат на улица и да разговараат…

Јун 13, 2011

За кого се дотеруваат жените?

Дека мажите им велат дека супер изгледаат без оглед на тоа каква е вистината мислат една третина од жените, а четвртина од нив се уверени дека нивниот партнер нема поим од облекување.Токму и затоа, половина од жените со задоволство би послушале совет од друга жена.Жените минуваат часови пред огледало за да ги импресионираат другите жени, а не мажите, открива новата анкета спроведена меѓу 2,000 испитанички.На повеќе од 60 проценти од жените од 18 до 30 години при изборот на облека за вечерно излегување најмногу има влијание мислењето на пријателките, пишува “Daily Mail”.Вистина е дека две тр…
Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top