Експертите изработиле портрет на совршена жена

Во една студија, која опфатила над 66 илјади мажи во светот, експертите прецизирале како би требало да изгледа и кои навики треба да ги има една совршена жена. Забележано е дека изгледот и материјалниот статус имаат важна улога во вреднување на понежниот пол.

 |  Маја Савиќ  | 
Skarlet
Скарлет

blonde fairyВо една студија, која опфатила над 66 илјади мажи во светот, експертите прецизирале како би требало да изгледа и кои навики треба да ги има една совршена жена. Забележано е дека изгледот и материјалниот статус имаат важна улога во вреднување на понежниот пол.

Најпосакуваната и најидеална жена, навеле експертите, би требало да има долга плава коса, да не биде потешка од 60 килограми и повисока од 172 сантиметри.

Идеалната жена не би требало да има деца, но би морала да поседува свој животен простор на пример стан или куќа.
Не е пресудно да биде добра домаќинка, но мора да сака животни.

Интересен е приказот на лошите навики кои мажите ги додале кон атрибутите на посакуваната идеална жена.

“Жената може понекогаш да конзумира алокохол, сама или со пријателките, но во секој случај не смее да ужива во цигари.
Идеалната жена мора да биде оптимист и да го сака ноќниот живот“, стои во резултатите од истражувањето.
Skarlet
Истите експерти спровеле истражување на женското мислење околу тоа како треба да изгледа и каков да биде идеалниот маж, при што дошле до инетерсни заклучоци, како на пример, мажот да има заработка од 60 илјади евра годишно, да има луксузен автомобил и да живее во “пристојно“ живеалиште од 300 илјади евра.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top