За кого се дотеруваат жените?

Дека мажите им велат дека супер изгледаат без оглед на тоа каква е вистината мислат една третина од жените, а четвртина од нив се уверени дека нивниот партнер нема поим од облекување.

 |   | 
pred ogledalo
пред огледало

shoping

Дека мажите им велат дека супер изгледаат без оглед на тоа каква е вистината мислат една третина од жените, а четвртина од нив се уверени дека нивниот партнер нема поим од облекување.

Токму и затоа, половина од жените со задоволство би послушале совет од друга жена.

plakarЖените минуваат часови пред огледало за да ги импресионираат другите жени, а не мажите, открива новата анкета спроведена меѓу 2,000 испитанички.

На повеќе од 60 проценти од жените од 18 до 30 години при изборот на облека за вечерно излегување најмногу има влијание мислењето на пријателките, пишува “Daily Mail”.

Вистина е дека две третини од жените со својата појава сакаат да предизвикаат комплименти од своите партнери, но сепак најдраги им се пофалбите од жените кои речиси не ги познаваат.

“Жените многу повеќе знаат кога станува збор за облеката, шминката и стилот, така што не изненадуваат резултатите кои покажуваат дека тие се дотеруваат за да ги импресионираат другите жени”, вели портпаролката на “Simple skincare”.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top