Пиење од пластични шишиња – опасно по здравје

Научниците веќе долго време се загрижени поради можните последици од бисфенолот А (BPA) врз здравјето на луѓето, а таа хемикалија секојдневно се користи во бројните пластични амбалажи на разни прехрамбени производи и на напитоци.

 |  Маја Савиќ  | 
plasticna ambalaza
пластична амбалажа

plasticna ambalazaНаучниците веќе долго време се загрижени поради можните последици од бисфенолот А (BPA) врз здравјето на луѓето, а таа хемикалија секојдневно се користи во бројните пластични амбалажи на разни прехрамбени производи и на напитоци. Исто така, хемикалијата BPA се користи и во лимената амбалажа, а во некои земји таа и службено е прогласена за токсична.

Испитувањето покажало дека испитаниците кои пиеле една недела од шишиња со поликарбонат имале за 69% поголема концентрација на хемикалијата BPA во примероците на урината, во споредба со оние кои не пиеле од пластични шишиња. Научниците не откриле колку точно течност во текот на денот пиеле испитаниците.

Испитувањето било спроведено на универзитетот Харвард каде биле испитувани 77 студенти, кои претходно ја поминале фазата на испирање во која сите ладни пијалоци ги пиеле од шишиња од инокс како би ја намалиле изложеноста на BPA. Потоа им биле давани две шишиња од поликарбонат од кои, во текот на следните недела дена, морале да ги пијат сите ладни напитоци.

plasticna ambalazaИстражувањето покажало дека пиењето на ладни пијалоци од шишиња од поликарбонат во тек на една недела ја зголемува присутноста на хемикалијата BPA во урината за повеќе од две третини. Ако тие шишиња и се загреваат, како што е случај со детските шишенца, тогаш нивото на BPA во урината е значително повисоко. Тоа загрижува, бидејќи кај новороденчињата влијанието на BPA на работата на жлездите е уште поизразено, тврди професорката по епидемиологија на „Harvard Medical School“, Prof.Dr. Karin B. Michels.

Претходните испитувања покажале дека високите вредности на конзумираната хемикалија – BPA се во тесна врска со вродените мани, проблемите со растот и развјот и со зголемениот ризик за срцеви заболувања и дијабет.

Канада минатата година го забранила користењето на хемикалијата BPA во поликарбонатот од кој се прават детските шишенца, а некои произведувачи и самите доброволно ја исфрлиле од употреба оваа штетна хемикалија.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top