Јан 5, 2012

Дебелите деца да добиваат послаби оценки

Дебелите ученици треба да бидат казнувани со послаби оценки,  предложил  светски познатиот нутриционист, Пјер Дукан.Оваа своја идеја, Дукан му ја претставил на претседателот на Франција, Никола Саркози, кој сè уште се нема огласено со службена изјава.Француските медиуми остро го критикуваа нутриционистот, велејќи дека таквата пракса би резултирала со лош однос на младите кон храната.”Мојата идеја не би променила ништо кај оние кои не треба да ослабнат, но затоа кај оние кои треба да симнат некој килограм, би створила дополнителна мотивација”, се брани Дукан, чија контроверзна диета стана по…

Јан 4, 2012

Канаѓанец си го заборавил пасошот, па во САД влегол со Ајпад

Канаѓанец кој сфатил дека го заборавил својот пасош во моментот додека се приближувал до границата со САД, пронашол нов начин да влезе во соседната земја – својот Ајпад.Мартин Рајх во вторникот рекол дека “благо“ изнервираниот американски полицаец го пуштил да влезе во САД од Квебек откако му ја покажал скенираната копија од својот пасош на популарниот таблет на Епл.Тој бил на половина час од американската граница кога сфатил дека всушност не го носи пасошот, а наместо да се врати дома во Монтреал и да го земе, тој одлучил да се обиде со скенираната копија на неговиот Ајпад.На полицаецот на…

Јан 4, 2012

20 тони мртви харинги прекрија плажа во Норвешка

Локалното население на Нордеиса во северна Норвешка, останало збунето откако открило 20 тони на мртви риби на плажата Квенес.Илјадници мртви харинги ја прекриле плажата преку ноќта а причината за нивното насукување е непозната. Се претпоставува дека тие може да завршиле на плажата гонети од некој предатор или дека биле исфрлени на неа од бура.Научниците спроведуваат тестови на рибите во надеж дека ќе ја утврдат причината за смртта, додека локалното население има поинакви грижи: како да ги исчистат 20 тони мртви животни пред да почнат да се распаѓаат.За следбениците на теоријата на крајот на…

Дек 31, 2011

Светот денеска ја пречекува 2012, прославата започнува на Пацификот

Милиони луѓе во светот денеска ќе ја испратат старата 2011 и ќе ја дочекаат новата година. Секој на различен начин. Некој дома, некој во кафеана, на плоштад, во ресторан…Новогодишното одбројување прво започнува  во Нов Зеланд, како и во сите пацифички острови. Наскоро 2012 ќе започне и во некои региони во Русија и Австралија, а потоа во Јапонија, Кина, Индонезија и Мјанмар.По нив, 2012 ќе ја дочекаат Бангладеш, Непал, Индија, Шри Ланка, Пакистан и некои делови на Казахстан. Пред нас Нова година ќе стигне и во остатокот од Русија и Австралија, Грција, Ирак и Иран, а заедно со нас ќе слават…

Дек 31, 2011

Италијанците Новата Година ќе ја дочекаат без огномет

Новата година на Италијанските плоштадите, овој пат ќе биде дочекана без традиционалниот огномет.Од различни причини, употребата на петарди и комплетната пиротехника е забранета од градските власти во Милано, Торино, Венеција, Бари и Неапол. Во Венеција постои опасност од оштетување на архитектонско-историското наследство. Во Торино за да не настрадаат кучињата, мачките и домашните миленици. Властите во Милано велат дека пиротехниката е забранета  бидејќи го загадувала воздухот, дури на неколку пати прогласуваа денови без автомобилски сообраќај. Во Неапол, исто има забрана но од оправдани п…

Дек 30, 2011

Картите за Винескиот новогодишен концерт достигнаа цена од 9.300 евра

За Виенскиот новогодишен концерт, кој е еден од најскапите музички случувања во светот, цената на билетот достигна астрономска цена од 9.392 евра. Со овој концерт на Винеската филхармонија Австрија традиционално влегува во новата година, а телевизискиот пренос го следат милиони луѓе ширум светот.Три дена пред концертот, два билета за партер се продаваа 18.784 евра што е 9.392 евра по билет или десетпати повеќе од првичната цена, а влезници за толку пари можат да се најдат на интернет сајтот viagogo.de.Тука се нудат и билети за галеријата, кои чинат 7.380 евра.Билетите за познатиот виенски …

Дек 30, 2011

Денешниов ден не постои за жителите на Самоа

Жителите на пацифичкиот остров Самоа отидоа в кревет во четврток и ќе се разбудат в сабота, откако владата донесе историска одлука да ја промени временската зона во која се наоѓа земјата.Самоа во последните 119 години се наоѓаше во источната временска зона која е 11 часа зад централното европско време.Со владината одлука земјата да се префрли во западната зона, направен е скок од 24 часа напред, што во пракса значи дека петок 30 декември во Самоа годинава нема да постои. Географска карта на СамоаГеографска карта на СамоаСо потегот, Самоа влегува во иста временска зона со пацифичките соседи …

Јан 8, 2017

Норвешка е првата земја која го укинува ФМ емитувањето

Следната недела Норвешка станува првата земја која почнува да преминува од аналогното ФМ радио на дигитална мрежа, што претставува рискантен и непопуларен потег, кој ќе го следат другите земји за да видат дали ќе го следат норвешкиот пример. Критичарите велат дека во овој процес се влегува непромислено и дека многу луѓе ќе останат без информации и предупредувања за вонредни ситуации кои досега се емитувале на радио. Посебно се загрижени за сопствениците на два милиони автомобили во Норвешка кои не се опремени со дигитални приемници. На преоѓањето на дигиталното радио се противат 66% од Но…
Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top