Канаѓанец си го заборавил пасошот, па во САД влегол со Ајпад

Канаѓанец кој сфатил дека го заборавил својот пасош во моментот додека се приближувал до границата со САД, пронашол нов начин да влезе во соседната земја – својот Ајпад.

 |   | 
i pad
i pad

Канаѓанец кој сфатил дека го заборавил својот пасош во моментот додека се приближувал до границата со САД, пронашол нов начин да влезе во соседната земја – својот Ајпад.
kanaganecot so svojot i pad
Мартин Рајх во вторникот рекол дека “благо“ изнервираниот американски полицаец го пуштил да влезе во САД од Квебек откако му ја покажал скенираната копија од својот пасош на популарниот таблет на Епл.

Тој бил на половина час од американската граница кога сфатил дека всушност не го носи пасошот, а наместо да се врати дома во Монтреал и да го земе, тој одлучил да се обиде со скенираната копија на неговиот Ајпад.

На полицаецот на границата му рекол дека оди во САД за да однесе божиќни подароци за децата на неговиот пријател. Тој всушност и не лажел, а скенираниот пасош и возачката дозвола му помогнале да влезе во земјата.

Рајх додал како полицаецот бил малку изнервиран кога тој му го покажал неговиот Ајпад, но по некое време тој само му го честитал Божиќ и го пуштил преку границата.

Канаѓанецот ја скенирал својата патна исправа пред неколку години во случај да му биде украдена или пак да ја изгуби додека патува, а на враќање од САД неговите сонародници на границата не му правеле проблеми и го пуштиле слободно да влезе.

На американските соседи за влез во САД пасош им е потребен од 2009. година, а пред тоа во земјата можеа да влезат само со покажување на возачката дозвола.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top