Денешниов ден не постои за жителите на Самоа

Жителите на пацифичкиот остров Самоа отидоа в кревет во четврток и ќе се разбудат в сабота.

 |   | 
Samoa
Samoa

Жителите на пацифичкиот остров Самоа отидоа в кревет во четврток и ќе се разбудат в сабота, откако владата донесе историска одлука да ја промени временската зона во која се наоѓа земјата.

SamoaСамоа во последните 119 години се наоѓаше во источната временска зона која е 11 часа зад централното европско време.

Со владината одлука земјата да се префрли во западната зона, направен е скок од 24 часа напред, што во пракса значи дека петок 30 декември во Самоа годинава нема да постои. Географска карта на СамоаГеографска карта на Самоа

Со потегот, Самоа влегува во иста временска зона со пацифичките соседи Австралија и Нов Зеланд. Според премиерот Туилаепа Саилеле Малиегаои, овој чекор има и бизнис логика, а отвора и нови перспективи за туризмот во земјата.

Досега, Самоа беше 23 часа зад Австралија, иако оваа земја и‘ е најблизок сосед, и во пракса губеше по два комерцијални дена во неделата со своите трговски партнери.
Samoa
„Кога овде е петок, во Нов Зеланд веќе е сабота, а кога ние одиме в црква во недела во Австралија веќе се донесуваат бизнис одлуки“, рече Туилаепа.

Промената сепак ќе има и неколку невообичаени последици. На 30-ти декември во земјата ќе се родат 767 новороденчиња и ќе бидат склучени 43 брака. На луѓето им е оставен избор да одберат дали ќе го прослававуваат тој ден на 29-ти или на 3-ви декември. Туристите, пак, ќе профитираат затоа што владата им наложи на хотелите да не наплатуваат за „ден што не постои“, а од друга страна сите вработени ќе добијат плата за 30 декември.

Во 1892-ра година Самоа се префрли од западната во источната временска зона за да го усогласи работното време со своите тогашни најголеми трговски партнери САД и Европа. 119 години подоцна земјата направи уште еден историски „скок“ напред.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top