Картите за Винескиот новогодишен концерт достигнаа цена од 9.300 евра

За Виенскиот новогодишен концерт, кој е еден од најскапите музички случувања во светот, цената на билетот достигна астрономска цена од 9.392 евра.

 |   | 
Vienna New Year concert
Vienna New Year concert

За Виенскиот новогодишен концерт, кој е еден од најскапите музички случувања во светот, цената на билетот достигна астрономска цена од 9.392 евра.

Vienna New Year concertСо овој концерт на Винеската филхармонија Австрија традиционално влегува во новата година, а телевизискиот пренос го следат милиони луѓе ширум светот.

Три дена пред концертот, два билета за партер се продаваа 18.784 евра што е 9.392 евра по билет или десетпати повеќе од првичната цена, а влезници за толку пари можат да се најдат на интернет сајтот viagogo.de.

Тука се нудат и билети за галеријата, кои чинат 7.380 евра.
Vienna New Year concert
Билетите за познатиот виенски новогодишен концерт се распродадени една година однапред, а оригиналната цена е од 30 до 940 евра.
Меѓутоа, пред самиот концерт билетите достигнуваат астрономска цена затоа што мал број љубители на класичната музика се подготвени да ги препродадат своите влезници.

За 700 билети колку што има место за концертот, секоја година се пријавуваат околу 60.000 љубители на музиката.
Виенската филхармонија со лотарија одлучува кој може да купи билети за новогодишниот концерт.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top