Мај 26, 2021

Од кое место во светот најдобро се набљудуваат виножита?!

Покрај тоа што е многу честа глетка на небото таму, виножитото на Хаваите е неразделно од културата и традицијата. Во хавајската митологија, виножитото е симбол на трансформација и на патот што ја поврзува Земјата со небото. Научниците сметаат дека виножитото на Хаваи е спектакуларно поради екстремно чистиот воздух и ветровите што дуваат цела година на суптропска ширина и носат дожд на Хаваите. За формирање виножито е потребно релативно изолиран дожд, како и можност за поминување на сончевата светлина отстрана. Хонолулу е одлично место за гледање на виножитото затоа што нуди прекрасен пог…

Мар 9, 2014

Истражување за познавање на технолошки термини

Истражувањето за познавање на технолошки термини кое е спроведено во САД, покажало интересни резултати – на пример дека таблетите се компјутери кои луѓето ги потсетуваат кога треба да се напијат апчиња. Компанијата Vouchercloud го направила истражувањето на околу 2.400 интернет корисници од САД, и тоа истражување покажало дека, иако се повеќе се користи модерната технологија, голем број на луѓе не го знаат значењето на термините кои често ги користат. На лицата кои учествувале во истражувањето им било понудено да одговараат на термини поврзани со технологијата и понудени им биле три одговор…

Мар 8, 2014

“Тешки” се 507 милијарди долари

Пред неколку дена е објавена најновата листа на Форбс на најбогати луѓе во светот, а на прво место повторно е сопственикот на Микрософт милијардерот Бил Гејтс, јавува Anadolu Agency (AA). Имено, со своите 76 милијарди долари на првата позиција го заменил Мексиканецот Карлос Слим кој поседува 72 милијарди долари. Гејтс опстанал на врвот иако последните неколку години ги поминал делејќи пари на организации кои се борат против глад и сиромаштво ширум светот. Мексиканецот Карлос Слим се занимава со телекомуникации, финансиска индустрија па се до трговија со недвижнини. Третото место го завзеде …

Мар 8, 2014

Тајни сметки во 278 банки и сума од 200 милиони долари

Некои од најголемите банки во Британија се нашле на удар од обвинителството дека отвориле повеќе десетици сметки во банки надвор од Британија, но дека вистинскиот сопственик на тие сметки е всушност екс премиерката на Украина Јулија Тимошенко или некој од нејзиното семејство. Само британските банки за неа отвориле 85 банкарски сметки, а истрагата кој ја води обвинителот Лоренс Грахам покажала дека во 26 земји постојат 276 сметки чии корисници се Јулија Тимошенко и фамилијата. Оваа истрага започнала во февруари минатата година, а ја наредил украинскиот претседател Виктор Јанукович, кој на то…

Мар 8, 2014

Германија со недостаток од работна сила

Податоците од институтот за истражување на пазарот за работна сила и вработеност на Германија во последните три месеци покажувале дека има 1,06 милиони работни места. Тоа е 20.000 повеќе отколку во 2012 година. Во преработувачката гранка бројот на работни места е зголемен во целата земја за 20% на годишно ниво. Во градежништвото бројот е пораснат за 50%.. Од друга страна во земјоделството, шумарството, рибарството и во секторот осигурување, бројот на работни места е намален. Институтот за истражување на пазарот на работна сила и вработеност наведува дека податоците се однесуваат на примарни…

Мар 8, 2014

Гинисов рекорд за 8-ми март

Повеќе од 10.000 луѓе се собрале во престолнината на Филипини, Манила, и пробувајќи да постават светски рекорд во формирање на симболот “жена“ на светскиот ден на жената. Случувањето го спонзорирала Комисијата за жени во владата на Филипини и локланиот производител на Кока-Кола, пренесува AFP. Во најголемиот парк во Манила се собрале 10.168 лица кои формирале огромен симбол на жената. Организаторите велат дека ќе биде потребно да помине една недела додека рекордот и званично ќе се потврди. До сега не е забележан ваков рекорд во формирање симбол на жената.

Мар 8, 2014

Храната со високо ниво на сол е штетна за здравјето

На иницијатива на компанијата Нестле одржана е округла маса за значењето од намалување на внесување на сол во храната. Целта била да се подигне свеста за штетноста од прекумерно внесување на овој минерал. Индустријата со поддршка на јавните институции имаат важна улога за решавање на овој проблем со прекумерно внесување на сол во организмот. Нестле уште во 2005 година ја дефинирала политиката на работа за намалување на здравствено осетливите нутриенти. Во склад со тоа Нестле го намалила нивото на сол во производите за 10% и во последните 8 години од кулинарското портфолио се отстранети дури…

Мар 7, 2014

На учениците кои не платиле за храна им ѕвони аларм

Новиот начин на електронско пријавување за неплаќачите за храна во училиштата ги разлути родителите во Словенија. Имено,на неплаќачите, поточно на децата, во некои основни училишта им ѕвони аларм и тој начин на електронско пријавување и предупредување, разлути многу родители. Министерот за образование, Јернеј Пикало, најавил дека ќе го разгледа случајот. Предупреден е дека заради овој срамен начин на предупредување децата од сиромашните семејства ги дискриминираат, затоа што се изложени на потсмев од останатите. На ова реагирала и владината службеничка задолжена за заштита на приватноста на…
Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top