Истражување за познавање на технолошки термини

Тие мислат дека „Мр3“ е робот, а „blu ray” морско животно

 |  инфодеск  | 

Истражувањето за познавање на технолошки термини кое е спроведено во САД, покажало интересни резултати – на пример дека таблетите се компјутери кои луѓето ги потсетуваат кога треба да се напијат апчиња.

Компанијата Vouchercloud го направила истражувањето на околу 2.400 интернет корисници од САД, и тоа истражување покажало дека, иако се повеќе се користи модерната технологија, голем број на луѓе не го знаат значењето на термините кои често ги користат.

На лицата кои учествувале во истражувањето им било понудено да одговараат на термини поврзани со технологијата и понудени им биле три одговори. Голем број од нив имале проблем со дефиницијата за „HTML” (Hyper Text Markup Language, презентациски јазик за изработка на web страници) кои сметале дека е полова болест.

Освен „HTML”, ова истражување покажало дека има непознавање и на други бројни технолошки термини, така што повеќе од 1/4 од нив сметале дека „gigabyte” е инсект од Јужна Америка, додека 23% од испитаниците не знаеле што е „Мр3“ верувајќи дека овој популарен музички формат е робот од „Star Wars”.15% од испитаниците сметаат дека терминот софтвер се однесува на удобна облека.

Од останатите занимливости вредно е да се издвои дека 12% од испитаниците за „USB” го заокружиле одговорот дека тоа е некоја држава во Европа, додека 18%, терминот „blu-ray” го заокружиле дека е морско животно.

И на крај, иако е се поголема популарноста на таблетите чија продажба наскоро ќе ја надмине онаа на персоналните компјутери, на прашањето за таблетите се заокружувал одговор дека се тоа компјутери кои служат за потсетување кога треба да се земе апче.

Иако голем дел покажал незнаење за технолошките термини, на LA Times велат дека повеќе од 61% од нив сметаат, дека познавањето на технолошки термини денес е многу важно.  

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top