Храната со високо ниво на сол е штетна за здравјето

Заштедиле 11.700 тони сол

 |  инфодеск  | 

На иницијатива на компанијата Нестле одржана е округла маса за значењето од намалување на внесување на сол во храната. Целта била да се подигне свеста за штетноста од прекумерно внесување на овој минерал.

Индустријата со поддршка на јавните институции имаат важна улога за решавање на овој проблем со прекумерно внесување на сол во организмот. Нестле уште во 2005 година ја дефинирала политиката на работа за намалување на здравствено осетливите нутриенти. Во склад со тоа Нестле го намалила нивото на сол во производите за 10% и во последните 8 години од кулинарското портфолио се отстранети дури 11.700 тони сол.

„Во Нестле препознавме проблем на прекумерно внесување на сол и сметаме дека е наша одговорност да дадеме придонес за решавање на овој проблем. Реиновација на производите, кои се последица на големите вложувања во истражување и развој, се дел на нашата глобална, но и локална политика“, рекла Александра Малашевиќ, нутриционист на компанијата Нестле.

Спрема нејзините зборови, солта во индустриското производство се користи како природен конзерванс, кој е важен за одржување на квалитетот и здравствената исправност на производот.

Од Нестле порачуваат дека актуелизирањето на оваа тема е од големо значење и ги повикуваат и другите претставници на прехранбената индустрија да го дадат својот придонес кон решавање на овој проблем.  

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top