Јун 6, 2014

Волшебно пенкало

Пенкалото под името “Scribble” му овозожува на корисникот да избере било каква боја од опкружувањето и да ја искористи за цртање на хартија или на телефон. Уредот кој наскоро ќе се најде во продажба, може да сочува 100.000 нијанси во интерната меморија и ќе може да репродуцира преку 16 милиони бои. Боите се детектираат со помош на сензор и микропроцесор, а потоа мастилото се меша и се припрема за пренесување на хартија. Дизајнерите од Калифорнија го опишуваат пенкалото како прво на светот кое избира бои и може да се нарече “гаџет”. “Со помошна Scribble дури и далтонистите ќе можат да цртаат…

Јун 5, 2014

Десет фасцинантни факти за Бразил

Од почетокот на Светското првенство во Бразил не делат неколку дена. По овој повод издвојуваме десет фасцинантни факти за оваа земја, со помош на податоците кои ги објавија Telegraph и Business Insider. Бразил е трет потрошувач во светот на козметика, веднаш по САД и Јапонија. Половина од светското производство на сок од портокал и петтина на производството на шеќер отпаѓа на Бразил. Бразил е седмо стопанство во светот, со БДП од 2,3 билиони долари. Толку изнесуваат стопанствата на Јужна Африка, Австралија и Аргентина, заедно. Во Бразил е потребно повеќе од една година за да се добие градеж…

Јун 5, 2014

Французите шокирани од казната за BNP PariBas

Казната на американските власти од 10 милијарди долари за француската банка BNP PariBas предизвикала сериозни политички реакции. Запрашан за коментар за казната, за француската телевизија France2, министерот за надворешни работи Laurent Fabius истакнал дека одлуката на американските власти претставува сериозен проблем во американско-француските односи. “Сред преговори сме за трансатлантскиот трговски договор. Такво трговско партнерство може да се втемели само на основ на реципроцитет. Реципроцитет е незамислив ако во исто време се носи одлука од ваков тип”, рекол Fabius и додал дека едностр…

Јун 4, 2014

Меркел повикана како пријател во квизот Милионер

Германската канцеларка добила повик од еден од учесниците на телевизискиот квиз “Кој сака да биде милионер”, кој се надевал дека ќе му даде точен одговор на прашањето вредно половина милион евра. Имено, за време на квизот во кои учествувале славни личности, политичарот од партијата CDU, Волфганг Босбах бил прашан за машина за перење од времето на Источна Германија позната како WM66, а точниот одговор носел 500.000 евра. Прашањето гласело: “Зошто машината за перење WM66 била толку легендарна?”, а потенцијалните одговори биле: -Можела да генерира струја за греење -Можела да се користи за готв…

Јун 4, 2014

Мистеријата на исчезнатиот Боинг

Katherine Tee (41) од Велика Британија за време на мистериозното исчезнување на малезискиот авион со 239 патници и членови на екипажот, со својот брод пловела во водите на Индонезија. Вели дека е уверена дека тогаш го видела авионот, за кој вели дека бил во пламен, а од него излегувал чад. “Видов долг авион како сјае со портокалова боја, а зад себе остава трага од црн чад”, го опишала своето искуство Katherine, која наведува дека леталото се движело во правец од север према југ. Во исто време на небото во нејзиниот видокруг биле уште два авиона, но овој кој го видела бил на половина висина …

Јун 3, 2014

Осум работи кои Zuckerberg успеал да ги направи пред да наполни 30 години

По повод неговиот роденден ABC News направил голема листа на постигнувања кои шефот на Facebook успеал да ги направи пред да наполни 30 години. Не треба да се нагласува дека неговиот живот е сосем поинаков од просечен триесетгодишник. Еве осум работи од тој список: Станал многу богат. Forbes проценува дека неговото богатство преминува 26 милијарди долари. Го средил станбеното прашање онака како што само богатите можат. Минатата година купил недвижнини во вредност од 30 милиони долари, а една продал за 14 милиони долари. Воведе нов збор во речникот – “unfriend”. Превзеде огромни аквизиции. Н…

Јун 3, 2014

Ветроелектрана за домашна употреба

Холандската компанија за истражување и развој “The Archimedes” ја претстави новата револуционерна генерација на електрани на ветар за домашна употреба која ќе прави многу повеќе струја од досегашните ветротурбини. Liam F1 е урбаната ветроелектрана со сврдлест облик е многу тивка при работа а токму бучавата која ја правеле пропелерите на досегашните ветроелектрани беше причина што овој извор на енергија не беше прифатлив за домаќиннствата. Liam F1 прави во просек 1.500 kW/h енергија при брзина на ветрот од 5 метри во секунда, што одговара отприлика на половна од потребите на просечното домаќ…

Јун 3, 2014

Иднината е во соларните авиони?

“Solar impuls 2” летал два часа и 17 минути над Швајцарија, а се планираат уште неколку пробни летови во наредните месеци. Тој е подобар и поголем од првата верзија кој полета прв пат пред пет години. Bertrand Piccard и Andre Borschberg, соосновачи на проектот, велат дека авионот на соларен погон теоретски може да остане во воздух неограничено време. Леталото е наследник на “solar impuls” кој во текот на претходните четири години поставил неколку светски рекорди – прв ноќен лет на соларен авион кој траел 26 часа 10 минути и 19 секунди, потоа прв лет помеѓу континенти – од Мадрид до Мароко, …
Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top