Јун 9, 2014

“Љубовта” сруши дел од оградата на мостот на уметноста

Дел од оградата на мостот на уметноста се срушила, но за среќа, не во реката Сена по која пловат туристички бродови кои го разгледуваат Париз. Никој не е повреден во инцидентот. Имено, дел од оградата на парискиот мост се срушила од тежината на катинарите кои туристите ги ставаат како симбол на љубовта. Тој е евакуиран од безбедносни причини, соопштиле градските власти. Инцидентот ја оживеа полемиката за мостот на уметноста на кој туристите редовно ставаат катинари во име на љубовта. Градските власти и порано најавиле дека катинарите ќе бидат отстранети, а и дел од самите туристи не биле бл…

Јун 9, 2014

Кинескиот феномен Xiaomi

Кинеската компанија Xiaomi во првиот квартал во Кина продала повеќе телефони од Apple, а сега тргнуваат во освојување на меѓународниот пазар. Кога се зборува за за компанија чиј извршен директор е права икона, чие претставување на производите ги следат милиони луѓе, мнозинството би помислило дека се работи за Apple. Но, една релативно непозната кинеска компанија има исто така фанатични фанови и продава милиони телефони и таблети , а на кинескиот пазар продала повеќе смартфони од Apple и за кратко време стана феномен на моибилниот пазар – Xiaomi. Оваа компанија е основана во 2010 година а не…

Јун 9, 2014

Шведска тестира шестчасовно работно време

Вториот најголем град во Шведска, Гетеборг, одлучил од 1 јули да тестира шестчасовно работно време за службениците, очекувајќи дека ќе докажат дека пократко работно време ќе донесе поголема продуктивност, пишуваат водечки американски медиуми. Доколку очекувањата се потврдат, тоа би можело да се прошири на комплетното шведско општество, но веќе сега некои среќни жители на тој град ќе го живеат сонот од 1332 работни часови годишно, пишува Washington Post. Целта на гетерборшкиот проект е да се утврди дали еден од најголемите аргументи е во прилог на пократкото работно време. Доколку се потврди…

Јун 8, 2014

Google претстави самовозaчки автомобил

Google овие денови направи голем чекор во развојот на самовозачките автомобили. Овој технолошки гигант почна сам да произведува свои прототипи на автомобили на иднината и на тој начин си отвори простор за потполна дизајнерска слобода и претставување на интересни концепти, како што е овој автомобил без управувач. Од Google напомнуваат дека трите прототипа кои моментално се користат како испитни модели првенствено се дизајнирани за посматрање и учење, а не за стил и удобност. Првиот фактор на кој се обрнува внимание е подобрување на сигурноста во сообраќајот и затоа ова возило на прв поглед и…

Јун 8, 2014

Во училиште цитати од Хитлер

За да привлечат внимание на новото училиште, едно американско христијанско здружение нарачало билборд на кој е напишан цитат од Хитлер од 1935 година и цитат од Библијата. Билбордот е сместен покрај еден ресторан за брза храна. На билбордот е фотографија од група насмеани деца и покрај нив пишува “Оној кој поседува младост ја победува иднината – Адолф Хитлер”. Хитлер оваа реченица ја изговорил во 1935 година на собирот на германската младина. Основачот на христијанското здружение, Џејмс Андерег, кој го нарачал скандалозниот билборд, изјавил на новинарите дека рекламата ќе биде тргната и дек…

Јун 8, 2014

Информација вредна пет милиони долари

Кампањата за собирање средства е започната на интернет страницата Indiegogo, објавиле фамилиите на патниците од летот MH370. Авионот исчезна на 8 март набрзо по полетувањето од Куала Лумпур во правец на Пекинг со 239 патници и членови на екипажот. Паднал на југот од Индискиот океан, спротивно од планот на летање, но и по три месеци истрагата не доведе до локализирање на остатоците а некои фамилии мислат дека властите ја кријат вистината. “Уверени сме дека некаде некој знае нешто и се надеваме дека наградата ќе го стимулира да истапи и да каже што знае”, објаснил Ethan Hunt, одговорен за акц…

Јун 7, 2014

Словенечки браник за велосипед ја освојува Америка

Само една година по успешно завршената кампања по пат на онлајн платформата за масовно финансирање Kickstarter, словенечката стартап фирма Musgard го проширила својот бизнис со дизајнерските браници во бројни земји од светот. Имено, Musgard може да се купи и во дизајнерскиот дуќан на Музејот за современи уметности во Њујорк, глобална културна институција која е попозната под својот бренд МоМа. Авторот на овој интересен проект, Јуриј Лозич, вели дека ваквата ситуација за нив е малку невообичаена затоа што примарната цел им била да се ориентираат на трговијата со велосипедска опрема. Но, ново…

Јун 7, 2014

Потезот на Обама срамотен и вулгарен

Социјалните мрежи денес се занимаваат со претседателот Барак Обама кој е виден како џвака гума за џвакање додека свирела Марсељезата (химната на Франција) на свечената церемонија по повод одбележувањето на 70 годишнината од денот Д во Нормандија. “Обама сакате и кока-кола додека џвакате, додека се свири Марсељезата”, “Кралицата доаѓа, а вие џвакате”, наведуваат двајца корисници на Твитер, пренесува агенцијата AFP. Корисниците на Твитер објавиле и дека Обама “срамно” и “вулгарно” џвака, додека еден друг корисник го нарекол Обама “мангуп”. Американскиот лидер се соочувал со слични напади на с…
Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top