Јун 20, 2014

Тајниот интернет кој е сто пати побрз од Google Fiber

Кога Patrick Pichette од Google рекол дека технолошкиот гигант наскоро, на корисниците во САД, ќе им обезбеди конекција од 10 гигабити по секунда, се чинело дека научната фантастика ќе стане стварност. Во прашање е илјада пати побрза конекција од било која денешна конекција која ја имаме дома, меѓутоа за NASA тоа и понатаму е преспоро. И додека сите ние користиме размена на податоци по јавен интернет, вселенската агенција користи посебна мрежа која се вика ESnet – Energy Science Network. Станува збор за приватна мрежа која успеала да отствари трансфер на податоци од едниот крај на САД на др…

Јун 20, 2014

Уште една причина за страв од пајаци

Лицата кои страдаат од арахнофобија имаат уште една причина да се плашат од пајаци бидејќи научниците откриле дека одредени видови на овие инсекти ловат и јадат риби поголеми од себе. Научниците дошле до бројни докази ширум светот за постоење на полу-водени пајаци кои јадат риби. Одредени примероци можат да пливаат да нуркаат и да одат по површината на водата. Пајаците користат моќни неуротоксини и ензими за да ја усмртат и сварат рибата. “Обично на пајакот му се потребни неколку часови да ја изеде рибата и да останат само коските”, рекол за Reuters зоологот Martin Nifeler од швајцарскиот У…

Јун 20, 2014

Десет лица загинати во поплавите во Бугарија

Десет лица загинале, а повеќе се водат како исчезнати, по силните дождови и поплави кои го погодија приморскиот град Варна, соопштија официјални лица во Бугарија. Шефот на регионалната полиција, Николај Калчев изјавил дека вчера доцна навечер се пронајдени десет давеници. Тој не можел да го каже точниот број на исчезнати бидејќи поголем дел од овој град на брегот на Црно море е поплавен. На фотографиите се прикажани улиците на Варна прекриени со калива вода во висина од еден метар, десетици автомобили како пловат, а спасувачките екипи се обидуваат да дојдат до загрозените. Големи региони од…

Јун 19, 2014

Бродот “Галеб” стана скапа руина

Бродот на Југословенската воена морнарица “Галеб”, кој со децении беше пловечка резиденција на претседателот Јосип Броз Тито, за Риека станува скапа руина. Во бродот, со кој Тито патувал 14 пати и посетил 18 земји во Европа, Азија и Африка, а кој градот имал намера да го претвори во музеј, од 2008 година е вложено 1 милион евра, а бродот сеуште скапува во пристаништето, наведува порталот Index. Парите биле потрошени за преглед на бродот, на негово купување на лицитација, на годишни трошоци спрема капетанијата. Значајни средства се дадени и за разни поправки на бродот, на услуги на морнари, …

Јун 18, 2014

Пивскиот стомак е мит

Нутриционисот Др. Kahryn O’Sullivan верува дека другите пијалоци би требало да се заменат со пиво, и тоа го смета за паметна исхрана. Тврди дека 100 милилитри на пиво има помалку калории од виното, жестоките пијалоци, па дури и од сокот од портокал. “Пивскиот стомак” е мит бидејќи не постојат докази кои укажуваат на тоа дека пивото предизвикува дебелеење, – вели Др. O’Sullivan. Секако дека ќе се здебелите ако конзумирате огромни количини, но тоа важи и за било кој друг пијалок. Иако Др. O’Sullivan не ги оспорува доказите дека прекумерното конзумирање на алкохол предизвикува зголемена смртно…

Јун 18, 2014

Бизарни прописи кои звучат неверојатно во 21 век

Бакнежот на јавно место во многу земји може скапо да ве чини. Колку и да звучи неверојатно за 21 век, сепак тешко е разбирливо дека во Западна Европа сеуште владеат пуритански прописи од пред Првата светска војна. Така, во Франција, на пример, и понатаму важи закон од 1910 година со кој се забранува бакнување на пероните од железничките станици. Целта била, своевремено, да се оневозможи доцнење на возовите, но законот не е укинат ни во време на супер брзите возови. За кршење на овој закон не е предвидена драконска казна, но важат наредбите во ист момент да се напушти станицата. Казна за бак…

Јун 18, 2014

Еве кого нема повеќе да го гледаме на YouTube

YoyTube дал ултиматум на познати музичари како што се Adele, Arctic Monkeys и Radiohead – прифатете ги нашите услови или ќе ве блокираме на Youtube. Google се припрема за воведување на музички сервис поради кој со дискографските куќи и изведувачите потпишале нови услови на соработка. Иако мнозинството ги прифатило условите, сепак дел на независни издавачи го одбиле предлогот на Google и сега им прети блокирање на YouTube. Така, за некој ден од најпопуларниот онлајн видео сервис би можело да исчезнат спотовите на популарните Adele, Arctic Monkeys и Radiohead, што би можело да предизвика голе…

Јун 17, 2014

Инвазија на случувањата на Земјата

Резолуцијата на Google Maps и  Bing Maps апликациите се зголемува. Американската влада ги укина рестрикциите по тоа прашање, а во иднина пребарувањата по тие сервиси ќе откриваат многу повеќе детали. Досега компаниите не смееа да користат фотографии кои прикажуваат предмети и објекти помали од 50 цм, но Digital Globe, компанијата која се занимава со производство на сателитски снимки, истакнува дека може да продава снимки кои прикажуваат детали и помали од 31 цм, пренесува BBC. Секако, таква инвазија на случувањата на Земјата од вселената веројатно ќе подигне голема прашина околу приватноста…
Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top