Еве кого нема повеќе да го гледаме на YouTube

Google ќе блокира познати музичари

 |  инфодеск  | 

YoyTube дал ултиматум на познати музичари како што се Adele, Arctic Monkeys и Radiohead – прифатете ги нашите услови или ќе ве блокираме на Youtube.

Google се припрема за воведување на музички сервис поради кој со дискографските куќи и изведувачите потпишале нови услови на соработка. Иако мнозинството ги прифатило условите, сепак дел на независни издавачи го одбиле предлогот на Google и сега им прети блокирање на YouTube.

Така, за некој ден од најпопуларниот онлајн видео сервис би можело да исчезнат спотовите на популарните Adele, Arctic Monkeys и Radiohead, што би можело да предизвика големо незадоволство на милиони фанови.

Од YouTube изјавиле дека до сега со нив потпишале 95% од музичката индустрија, додека останатите 5% ќе бидат блокиарни и нема да можат нивните спотови да се гледаат на YouTube. Во изјавата се додава дека тие би сакале потпис на договорите со сите дискографи, но свесни се и на тоа дека такво нешто не е можно и дека секогаш ќе постои дел на издавачи кои нема да се сложат со новите услови кои ги наметнуваат YouTube и Google.

Geoff Taylor од организацијата на британските дискографски компании BPI, коментирал дека блокадата на бројни изведувачи е многу лош потез со кој се ускратува можноста фановите да уживаат во нивната музика, додека на дискографите и на изведувачите им укинуваат еден важен извор на заработка и оневозможување и понатаму да можат да живеат од својата музика, а се поради тоа што не прифатиле нивен ултиматум.

На Huffington Post напоменуваат дека целата оваа ситуација со блокадата на YouTube е многу комплицирана бидејќи музиката на дел од изведувачите сепак ќе може да се прикажува по пат на Vevo (со кој соработува Adele) кој со Google потпишал нов договор. Исто така, некои изведувачи имаат потпишани договори со различни издавачи во различни земји, па нивните спотови ќе можат да се прикажуваат на YouTube во една земја, но не и во некоја друга. 

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top