Спортски и фитнес тренери, физиотерапеути, регистрирани медицински сестри, и масери. Училишни психолози, професори по музика, негователки во градинки и логопеди. Лични финансиски планери, возачи и приватни детективи. Ова се професиите кои до 2020 година ќе бидат најмногу барани на берзата на трудот, пишува Forbes.
Се очекува дека овие професии ќе вработат и до 20% повеќе луѓе во САД, до 2020 година. Што е заедничко во сите овие професии?
Заедничка линија им е емпатијата, односно способноста за соживување во емоционалната состојба на друго лице и разбирање на неговата положба (на пример стра…
Новиот напреден третман, кои го открија Британците, ќе го поттикнува забот самостално да се регенирира со вбризгување на минерали од калциум и фосфат и поради тоа нема да има потреба од инекции, ниту од бушење.
Откако американските научници во мај оваа година објавија дека развиваат технологија за поправање и полнење на забот со ласер, со нов напреден третман се појавија и Британците. Го рзвиле проектот на Кингс колеџот во Лондон, а новата технологија е специфична по тоа што ќе го поттикнува забот сам да се обновува. Во постапката нема инекции и ќе биде потполно безболна.
Третманот е нарече…
Последните години забележано е ширум светот во морињата и океаните дека е се поголем бројот на медузите, феномен кој научниците го припишуваат на прекумерниот риболов и на климатските промени.
Медузите денес се присутни во сите океани и мориња без разлика на температурта на водата. На истражувачите им е тешко да го предвидат развојот на оваа глобална инвазија бидејќи не располагаат со информации за развојот во минатото.
Најпогодени се рибарите, особено оние кои ловат околу Јапонија. Медузите кои се размножуваат во тие води се изузетно големи и тешки. Мрежите каде тие упаѓаат е невозможно д…
Пилот и новинар, авторите на книгата “Добра ноќ Малезија 370”, повеќе месеци ги анализирале сите докази за исчезнувањето на авионот и дошле до шокантни откритија.
Исчезнувањето на малезискиот авион MH370 бил добро испланиран и ни малку случен настан. Ова го тврдат во својата книга новозеландските автори Ewan Wilson, пилот на комерцијални авионски летови и Geof Tylor, новинар во Waikito Times.
Wilson рекол, а пренесува Daily Mail, дека нивниот заклучок во книгата “Добра ноќ малезија 370” ќе ги шокира сите оние кои патуваат со авиони.
“По прв пат ја претставуваме деталната анализа на комплетн…
Кога на 13 години имал илјада долари, тој не ги потрошил, туку ги вложил и заработил 100 илјади долари, а со 15 години ја отворил фирмата која има повеќе од 20 вработени.
Eric Finman на 13 години добил од баба му илјада долари – иако многу негови врсници би ги потрошиле за нов компјутер, iPhone, Плеј стејшн и слично, Eric воопшто не размислувал за тоа туку својот капитал го вложил во онлајн валутата bitcoin и таа своја инвестиција ја продал една година подоцна, а 1000 долари ги претворил во 100.000.
Ова дете не се задоволило ниту со таа сума, па решил и тоа да го вложи па со своите 15 годин…
Било потребно седум години стартап фирмата Mark-one да го развие својот голем производ – паметната супер чаша Vessyl, која ќе чини 200 долари.
Како што пренесуваат американските медиуми, станува збор за чаша со волумен од 0.38 литри која се напојува со батерија, а има овозможена блутут врска и смартфон синхронизација.
Оваа чаша работи на следниот принцип: ја полните со било каков пијалок и на дисплејот ќе добиете прецизно покажување што пиете. Редакцијата на порталот Верџ ја тестирале чашата со неколку десетици различни напитоци и Vessyl без исклучоци секој пат погодил за каков пијалок стан…
Наскоро на картата на светот можеби ќе се додаде уште еден океан, меѓутоа овој е скриен стотици километри под површината на земјата.
Новото истражување тврди дека скриениот океан е сместен во длабочините под земјината површина на околу 640 километри длабочина под Северна Америка. Скриениот резервоар, наводно е заклучен во плав кристален минерал, и може да содржи три пати повеќе вода отколку сите океани заедно на површината на земјата.
Доказите за постоењето на масивниот резервоар на вода ги пронашле истражувачите од универзитетот Northwest на чело со Steven Jacobsen.
Ова откритие би можело …
Генералниот секретар на Обединетите нации, Бан Ки-мун, добил подарок за својот 70 роденден од боливијскиот претседател Ево Моралес, колач направен од лисја на кока.
Бан Ки-мун се наоѓа во посета на Боливија во градот Санта Круз на состанок на групата G77, на кој се разговара за мерките за сузбивање на сиромаштијата, пренесува Reuters.
Коката се користи за производство на кокаин, а домаќинот Моралес, е поранешен производител на кока кој долго ја бранел легалната употреба на ова растение како “древен ритуал” во правење чај, слатки и лекови.
Народот во регионот на Андите, имено, традиционално …