Астероидот “глобален убиец” би можел да се удри со Земјата до 2020 година, да го збрише животот каков што го знаеме и да ја промени климата, пишува британски Express.
Овие страшни предвидувања доаѓаат откако NASA открила нови вознемирувачки податоци кои покажуваат дека се очекуваат 400 удари во интервал од 2017 до 2113 година. Очекувањата се темелени на податоците на набљудување на објектите воочени во вселената за време на изминатите 60 години. Повеќето ќе имаат максимален дијаметар од 100 метри и потенцијал да предизвикаат значителни штети.
Но загрижените научници предупредуваат помеѓу др…
До пред една година никој немаше чуено за Ross William Ulbricht, а луѓето кои го познаваа велеа дека е тоа обично момче од соседството. Но, во октомври минатата година, неговото лице се појави на насловните страници на сите светски медиуми кои го прогласија за крал на интернетското подземје, и додека луѓето мислеа дека живее обичен живот, тој ја водел најголемата онлајн трговија на дрога, а истрагата утврдила дека по пат на интернет нарачувал дури и убиства на луѓе кои сакале да го откријат неговиот идентитет.
Ulbricht своето онлајн царство кое му донело милиони долари, го изградил на такан…
Научниците тврдат дека развиле метода за производство на гасот пропан со користење на шеќер и бактеријата E.coli. Истакнуваат дека оваа метода и систем може да се примени во комерцијална употреба, со што би се решило прашањето со обновливи извори на енергија.
Иако процесот е сеуште далеку од комерцијална употреба, неговите изумители се надеваат дека еден ден ова би можело да претставува неограничен извор на чисто гориво, кое без потешкотии би можело да се воведе и да се користи во постоечките технологии.
Пропанот е составен дел на течниот нафтен гас кој се користи во домаќинствата и автомо…
Времето на доцнење на авион се смета од моментот на отворање на првата врата по слетувањето на аеродромот, а не од моментот кога тркалата ќе ја допрат пистата, стои во објаснувањето на Европскиот суд за правда, донесено по спорот кој се водел помеѓу нискобуџетната Germanwings и еден патник кој поради доцнење барал отштета.
Патникот барал отштета од Germanwings, тврдејќи дека авионот полетал со доцнење од 3 часа и 10 минути, но од Germanwings одбиле да платат бидејќи авионот на линијата Салзбург – Келн доцнел 2 часа и 58 минути, а отшета исклучиво може да се добие за доцнење од три часа и по…
Во критиката на студијата на Светската здравствена организација (WHO) за електронските цигари, која послужила како нацрт за студијата на WHO минатиот месец, во која се бара построга регулација на е-цигарите, експерти оцениле дека станува збор за неточен приказ на доказите.
“Бев шокирана и изненадена додека го читав извештајот”, рекла на новинарите Ann McNeill, истражувач на националниот центар за зависност при лондонскиот King’s College. “Сметам дека тоа е погрешно прикажување на доказите за е-цигарите”.
Популарноста на е-цигарите, каде со помош на батерија се симулира пушење со испарување …
Џихадистите на ISIL почнале да делуваат за прв пат за време на бунтот против сиријскиот претседател Башар ал Асад, и во почетокот на 2014 година завзеле огромни територии во Ирак и сега се закануваат дека ќе ја надминат Ал Каеда, која е доминантен глас во глобалното екстремистичко движење, пишува Independent.
Тие контролираат територија чија површина е споредбено колку Велика Британија и заработуваат околу 800.000 евра дневно продавајќи нафта и заложници. Нивната воена сила брои околу 10.000 милитанти. Сето ова е резултат на слабостите на владите во Ирак и Сирија, истакнува американски експ…
Од Apple веќе одговорија дека фотографиите не се украдени со искористување на пропустот на нивниот iCloud, туку хакерите ги искористиле информациите за корисничките имиња, лозинки и сигурносни прашања, а некои новинари ги обвинија самите корисници за користење на лоши лозинки.
Имено, токму тие сигурносни прашања на кои е потребно да се одговори кога корисниците ќе ја заборават лозинката се голем проблем на iCloud и на бројни други интернет сервиси, при што се најчесто загрозени славните личности. Huffington Post пишува дека одговорите на некои од тие сигурносни прашања, како на пример “кој…
Samsung ги претстави своите четири нови уреди и тоа фаблетите GalaxyNote 4 и GalaxyNote Edge, смарт часовникот GalaxyGear S и виртуелната кацига Gear VR.
Samsung GalaxyNote 4 е опремен со Super Amoled екран со големина од 5,7 инчи и резолуција од 2460х1440. Рамката на куќиштето е обложена со метал, за разлика од досегашните рамки на кои многумина имаа замерки. На задната страна се наоѓа пластичен поклопец со примерок на кожа, слични како и на досегашните модели. Внатре има моќен Qualcomm Snapdragon 805 четворојадрен процесор со 2,7 GHz и 3 GB работна меморија за лагодна и непречена мултитас…