Мрачен свет кој е невозможно да се запре

Со ова се нарачува дрога, оружје и убиства

 |  инфодеск  | 

До пред една година никој немаше чуено за Ross William Ulbricht, а луѓето кои го познаваа велеа дека е тоа обично момче од соседството. Но, во октомври минатата година, неговото лице се појави на насловните страници на сите светски медиуми кои го прогласија за крал на интернетското подземје, и додека луѓето мислеа дека живее обичен живот, тој ја водел најголемата онлајн трговија на дрога, а истрагата утврдила дека по пат на интернет нарачувал дури и убиства на луѓе кои сакале да го откријат неговиот идентитет.

Ulbricht своето онлајн царство кое му донело милиони долари, го изградил на таканаречениот Deep Web кој овозможува анонимност при сурфањето на интернет, а се пристапува по пат на пребарувачот Tor, а плаќањето се извршува со валутата Bitcoin која гарантира анонимно извршување на финансиските трансакции.

Иако некои медиуми сметаа дека со апсењето на Ulbricht ќе се намалат илегалните активности на Deep Web, се случи токму спротивното. Откако згасна онлајн продавницата Silk Road се отвориле уште повеќе онлајн продавници за трговија со дрога, оружје и други нелегални работи, при што најпопуларна е продавницата Silk Road 2.

Едно минатогодишно истражување во Австралија покажало дека денес младите кои живеат во онлајн светот, дрогата навикнале да ја купуваат преку интернет, на сличен начин како што купуваат облека или телефони, само што трансакциите се извршуваат анонимно и со Bitcoin.

Но, анонимноста на Deep Web и на дигиталната валута Bitcoin не се користат само за купување на дрога и оружје, туку и за хакерски алатки, фалсификување на документи и за многу други нелегални работи. Ова интернетско подземје некои новинари го нарекуваат мрачен свет кој е невозможно да се запре кој е полн со дилери, криминалци и педофили.

Од Europol предупредиле дека дошле до сознанија дека постојат професионални убијци на Deep Web и дека наплатуваат со Bitcoin, но во интерес на истрагата не сакале да откриваат детали дали се тоа навистина убијци или се работи за измамници кои сакаат само да дојдат до пари. Но, примерот со Ulbricht покажува дека навистина постојат лица кои се спремни да нарачаат убиство по пат на интернет од тотални анонимуси кои тоа добро го наплатуваат. 

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top