Еве зошто е лесно да се хакираат славните личности

Сеуште не се знае кој е виновен за кражбата и објавувањето фотографии поради кои многу славни личности се во паника

 |  инфодеск  | 

Од Apple  веќе одговорија дека фотографиите не се украдени со искористување на пропустот на нивниот iCloud, туку хакерите ги искористиле информациите за корисничките имиња, лозинки и сигурносни прашања, а некои новинари ги обвинија самите корисници за користење на лоши лозинки.

Имено, токму тие сигурносни прашања на кои е потребно да се одговори кога корисниците ќе ја заборават лозинката се голем проблем на iCloud и на бројни други интернет сервиси, при што се најчесто загрозени славните личности. Huffington Post пишува дека одговорите на некои од тие сигурносни прашања, како на пример “кој ви беше најдобар пријател во средното училиште” или “Кој ви беше прекарот во детството”, односно датум на раѓање, се многу лесни за наоѓање на интернет. На пример со помош на Google за неколку секунди може да се дознае датумот на раѓање на Jennifer Lawrence, нејзиниот прекар од детството и имињата на најдобрите другарки од училиште – иако некои даваат лажни одговори на овие прашања, многу корисници сепак оставаат вистински податоци со кои е можно да се упадне во нивните кориснички профили.

Еден од познатите примери за користење на достапни информации од интернет за пристап на онлајн профил е оној од 2008 година кога американскиот студент David Kernell пристапил на мејлот од Sarah Palin – тој на Google пронашол одговор на прашање “каде го запознавте својот маж” (средно училиште) и пристапил на нејзиниот мејл, поради што подоцна завршил една година во затвор.

Исто така во 2010 година, Cristopher Chaney оваа метода ја користел за пристап на мејл адреси на педесет славни личности како што се Scarlett Johansson и Christine Aguilere – откако се појавија разголените слики од Johansson, тој е уапсен и осуден на десет години затвор.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top