За шест години на Земјата е можно да удри “чудовиште”

Засега непознат астероиден појас е лоциран и се движи кон нашиот сончев систем

 |  инфодеск  | 

Астероидот “глобален убиец” би можел да се удри со Земјата до 2020 година, да го збрише животот каков што го знаеме и да ја промени климата, пишува британски Express.

Овие страшни предвидувања доаѓаат откако NASA открила нови вознемирувачки податоци кои покажуваат дека се очекуваат 400 удари во интервал од 2017 до 2113 година. Очекувањата се темелени на податоците на набљудување на објектите воочени во вселената за време на изминатите 60 години. Повеќето ќе имаат максимален дијаметар од 100 метри и потенцијал да предизвикаат значителни штети.

Но загрижените научници предупредуваат помеѓу другото, и на колосалното чудовиште кое доаѓа во нашата насока и дека на него се наоѓа астероид кој на Земјата би можел да падне за 6 години.

Професорот Brian Cox рекол дека астероид наречен 2014ЕС, се приближува кон Земјата. Додава дека е само прашање на време кога астероидот ќе ги збрише луѓето од планетава.

Експертите предупредија дека уште поголем астероид би можел да удри на Земјата во 2020 година. Астероидот 2012DA14 го откриле астрономите од опсерваторијата LaSagra во Шпанија. Моментално постојат мали шанси дека ќе удри во Земјата, но во исто време не можат да ја исклучат можноста дека ударот би можел да се случи.

“Орбитата на 2012DA14 моментално е многу слична со таа на Земјата, што значи дека редовно ќе  биде блиску до планетата”, рекол Paul Chodas, астроном во NASA.

Професорот Bill Napier, експерт за астронимија, на Универзитетот во Buckingam, вели дека ударот на астероид или делови од комета би можеле да имаат поразителни последици. “Ако се случи такво нешто, без разлика каде и да падне, би било закана за животот на Земјата”, рекол Naiper.

Професорот Naiper вели и дека Земјата би можела да биде погодена од два вида на удари – астероиди и комети. Кометата Swift-Tuttle која ја откриле Lewis Swift и Horace Parnell Tuttle, би требало да помине покрај Земјата во 4479 година. Како што вели Naiper, тоа е најопасната комета за Земјата, но тоа е во многу далечна иднина – ако луѓето воопшто и ја дочекаат.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top