Јул 6, 2021

Две момчиња избодени до смрт во Лондон

Како што пренесуваат британските медиуми, 15-годишен тинејџер од Гринич бил избоден околу 17 часот, а по полноќ во Ламбет друг тинејџер 16-годишен доживеал исти таков напад. Поради убиството на 15-годишното дете, кој ранет сам отишол во болница, уапсен е тинејџер исто така 15-годишник, а никој засега не е уапсен поради убиството на другото дете. Градоначалникот на Лондон, Садик Кан, изјави дека е запрепастен поради ваквите убиства. Лондон кој во минатото се соочувал со бројни насилства помеѓу младите, продолжува со своите напори да ги спречи понатамошните вакви напади.

Јул 6, 2021

28 загинати при пад на руски авион

Авионот „Антонов Ан-26“, со 28 лица, кој летал на релација од главниот град на регионот Петропавловск – Камчатски до Палана, место на север на полуостровот Камчатка, изгубил контакт со контролата на летање, соопшти Министерството за вонредни состојби. Повикувајќи се на официјални извори, Интерфакс објави дека авионот удрил во рид додека се подготвувал да слета во лоши услови на видливост. Руските власти задолжени за цивилната авијација објавија дека местото на несреќата е пронајдено и спасувачките екипи пристигнале. Министерството соопшти дека во авионот имало 22 патници и шест членови н…

Јул 5, 2021

Мини торнадо погоди плажа на Халкидики

Туристичкото место Неа Мудања на Халкидики, вчера беше погодено од мини торнадо во кое повредени се три лица кои во моментот биле на плажата. Туристите кои се нашле на ова место на социјалните мрежи пишуваат дека песочниот вртлог кој се формирал, направил штета на плажата, односно баровите. Тројцата повредени, според последните информации од локалните медиуми, се во добра состојба. На истата плажа во попладневните часови избувнал и пожар, но набрзо бил изгаснат.  

Јул 5, 2021

Продолжува спасувачката акција во Мајами

Екипите веднаш започнаа со расчистување на новите остатоци за спасувачите да можат да ја започнат својата операција која беше запрена во поголемиот дел од викендот. Поголемиот дел од зградата близу Мајами, се урна во раните утрински часови на 24 јуни. Бројот на потврдени мртви изнесува 24. Други 121 се водат за исчезнати и се претпоставува дека се мртви. Зградата во Сурфајд беше урната додека тропската бура Елза се движеше кон Флорида со ветрови со јачина од 95 километри на час. Градоначалничката на округот Мајами-Даде, Даниела Левин Кава изјави дека спасувачките активности ќе продолжат по…

Јул 4, 2021

Најмалку 31 жртва во авионска несреќа на Филипини

Според податоците на филипинската војска, во падот на авионот загинале 29 воени лица и двајца цивили. Уште 50 лица кои се превезувале со авионот и четири цивили се повредени во несреќата. Засега уште 17 војници се водат како исчезнати. Војниците, кои се превезувале со авионот, според првичните информации, биле регрути. Филипинските власти започнаа истрага за утврдување на причините на падот на транспортниот авион од тип „C-130“ на филипинските воздухопловни сили кој се урна при обидот да слета на островот Холо во провинцијата Сулу.

Јул 4, 2021

Четворица загинати во пожарот на Кипар

Ситуацијата со пожарот што изби вчера, утрово е подобрена со само две активни жаришта, а Нурис истакна дека постои умерен оптимизам, иако временските услови и ветерот не им помагаат на пожарникарите. -Ова е најкатастрофалниот пожар од формирањето на Република Кипар, како во однос на материјална штета, така, за жал и со човечки жртви, рече Нурис во изјава за медиумите и додаде дека денеска биле пронајдени јагленосаните тела на четворицата исчезнати. Кипар вчера побара помош од Израел и Европската унија, а Израел и Грција испратија воздушни средства, кои според министерот за внатрешни работ…

Јан 19, 2022

Поради 5G мрежата откажани летови за Америка

Големите меѓународни авиокомпании побрзаа да ги реорганизираат или откажат летовите до Соединетите држави поради загриженоста за безбедноста на летовите. Ова доаѓа по веста дека „AT&T“ и „Verizon“ денеска ќе започнат со воведување на безжичната мрежа 5G, иако и двата оператора рекоа дека ќе ја одложат таа активност. Американската федерална управа за воздухопловство (FAA) предупреди дека сигналите 5G може потенцијално да влијаат врз мерачот на висината на летот, што игра клучна улога во слетувањето на некои модели на авиони при лоши временски услови, а авиокомпаниите велат дека предуп…

Јул 4, 2021

Во Србија пристигнува супстанца за производство на Спутник вакцини

„Се работи за количина на супстанца доволна за производство на 250 илјади дози од компонентата 1. После десетина дена, според најавите од руските партнери, во Србија треба да биде доставена супстанца за производство на истата количина вакцини од компонентата 2“, рече Поповиќ, кој е и српски министер за иновации и технолошки развој. Според него, се очекува Торлак во следните две недели да има околу 550 илјади вакцини Спутник Ве, од компонентите 1 и 2. Компонентите се однесуваат на првата и втората доза од вакцината. Тој наведе дека по производството на вакцините во Торлак, по 18 примероци …
Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top