Две момчиња избодени до смрт во Лондон

Двајца тинејџери синоќа биле убиени при напади со нож во Лондон, соопштува британската полиција. Нападите се случиле еден по друг, а биле одвоени неколку часа, пренесува Скај Њуз.

 |   | 

Како што пренесуваат британските медиуми, 15-годишен тинејџер од Гринич бил избоден околу 17 часот, а по полноќ во Ламбет друг тинејџер 16-годишен доживеал исти таков напад.

Поради убиството на 15-годишното дете, кој ранет сам отишол во болница, уапсен е тинејџер исто така 15-годишник, а никој засега не е уапсен поради убиството на другото дете.

Градоначалникот на Лондон, Садик Кан, изјави дека е запрепастен поради ваквите убиства. Лондон кој во минатото се соочувал со бројни насилства помеѓу младите, продолжува со своите напори да ги спречи понатамошните вакви напади.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top