Епицентарот на потресот се наоѓал на длабочина од 40 километри, околу 165 километри североисточно од главниот град Душанбе, каде живеат речиси 679.000 жители, потврди Европскиот медитерански сеизмолошки центар.
– Десетици куќи се уништени. Електричните проводници исто така биле делумно оштетени во три села во областа Таџикабад, каде што живееле сите жртви, соопшти Комитетот за вонредни ситуации на Таџикистан.
Таџикистанскиот претседател Емомали Рахмон наложи формирање истражна комисија предводена од премиерот, пренесоа руските медиуми.
Туркменистан, кој се граничи со Авганистан, честопат…
Фјучерсите за гас во Европа го обновија својот историски максимум, надминувајќи ја границата од 2.600 долари за илјада кубни метри, објави лондонската берза ICE.
Цената на априлските фјучерси на индексот на најликвидниот TTF хаб на отворањето на тргувањето изнесуваше 2.366,8 долари за илјада кубни метри, а за неколку минути надмина 2.500 долари.
Досега максималната цена беше 2.603,5 долари, што е за 20 отсто повеќе од пресметаната цена во петокот од 2.170,2 долари за илјада кубни метри, пренесе РИА Новости.
Организацијата наведува дека Авганистан е едно од „најпогодените места од глад“ поради војната. Организацијата соопшти дека 155 милиони луѓе ширум светот сега живеат во несигурност поради недостиг на храна, што е зголемување од 20 милиони во однос на минатата година.
Оксфам додава дека околу две третини од овие луѓе се гладни, пред сѐ бидејќи нивната земја е во војна и во конфликт, вклучително и Авганистан каде што 13,2 милиони луѓе, или 42 проценти од населението, се „изложени на ризик од глад“. Поради ваквата ситуација земјата е трета во светот според несигурност во снабдувањето на храна…
Земјотресот, првично регистриран од ЕМСЦ и УСГС како земјотрес со јачина од 6,2 степени, беше на длабочина од 10 километри, а неговиот епицентар беше на околу 240 километри источно од калифорниската престолнина Сакраменто, објави американскиот геолошки институт на својата веб-страница.
Земјотресот беше проследен со 50-тина послаби земјотреси во истото источно подрачје на синџирот Сиера Невада.
Земјотреси со јачина од 5,5 до 6,0 степени можат да предизвикаат значителна штета на зградите, но овој земјотрес погоди релативно слабо населена област и беа евидентирани само одрони на карпи на пат…
Дете на 14-годишна возраст е убиено утрово во Приштина, во близина на училиштето во кое учело, јави дописникот на МИА од Приштина.
Косовската полиција потврди дека ученикот на 9-то одделение, со иницијали Р.Х., во основното училиште „Хилми Раковица“ во Приштинската населба Врањевац починало како последица на повреди здобиени од остар предмет (нож).
Засега нема официјални информации за уапсени лица, но телевизијата Т7 јави дека едно малолетно лице е приведено во полиција во врска со случајот.
На местото на настанот, во близина на училиштето каде што се случи убиството, излегоа надлежни …
На инстаграм е објавена снимка од ужасната сцена, на која се гледа како крупен маж влетува позади пунктот, ги турка работите на под и крвнички ја напаѓа вработената.
Уплашената вработена пробува да се оттргне, додека напаѓачот ја трга другата девојка од патот која му го попречува и потоа со тупаница ја удира.
Сопственикот на теретаната вели дека повеќе нема да трпи вакво однесување и дека тоа е за секоја осуда.
-Никогаш да не се повтори! Денеска во теретана во Нов Белград влета силеџија и претепа вработена. Ја удираше со тупаници по главата затоа што не му дозволила да влезе во пунктот б…
Рано утрово во Смедерево се случи ужасна сообраќајна несреќа, во која загинаа три лица.
Имено, дошло до судир на автобус со белградски регистарски ознаки и патнички автомобил. Возачот, совозачот и патникот од автомобилот ги загубија животите.
Неколку патници во автобусот се повредени, а медицински екипи им пружаат помош.
Според првичните информации кои ги пренесува Пинк, судирот се случил кога автобусот преминал на спротивната лента и се судрил со автомобилот.
Како што може да се види на фотографијата од местото на настанот, автомобилот е целосно смачкан, додека големи штети се предизви…
Групата, предводена од јавниот обвинител на Њујорк, Летиција Џемс, корисниците на апарати со вграден Андроид немаат поголем избор и пониски цени за мобилните.
„Гугл долги години беше чувар на влезот на интернетот, а во поново време стана чувар и на напите дигитални уреди, што значи дека сите ние треба да плаќаме повисоки цени за софтверите кои ги користиме секојдневно“ изјави Џејмс.
Тие исто така го обвинија Гугл дека бара од развивачите да користат Гугл билинг за продажба на дигитална содржина преку апликации купени преку Гугл Плеј продавница, принудувајќи ги потрошувачите да плаќаат про…