Оксфам: Секоја минута 11 луѓе умираат од глад

Секоја минута 11 луѓе умираат од глад низ светот секој ден, што е многу повеќе од стапката на смртност од Ковид – 19, објави меѓународната добротворна организација Оксфам.

 |   | 

Организацијата наведува дека Авганистан е едно од „најпогодените места од глад“ поради војната. Организацијата соопшти дека 155 милиони луѓе ширум светот сега живеат во несигурност поради недостиг на храна, што е зголемување од 20 милиони во однос на минатата година.

Оксфам додава дека околу две третини од овие луѓе се гладни, пред сѐ бидејќи нивната земја е во војна и во конфликт, вклучително и Авганистан каде што 13,2 милиони луѓе, или 42 проценти од населението, се „изложени на ризик од глад“. Поради ваквата ситуација земјата е трета во светот според несигурност во снабдувањето на храна.

„Година и пол од почетокот на пандемијата смртноста од глад го надминуваат вирусот“, се вели во извештајот каде е посочено дека глобалната стапка на смртност од Ковид-19 е околу седум лица во минута.

Оксфам ги повикува владите да стават крај на конфликтите што го предизвикуваат „катастрофалниот глад“ и да обезбедат услови што ќе им овозможат на агенциите за помош да стигнат до оние на кои им е потребна помош.

Во меѓувреме, побогатите нации треба „веднаш и целосно“ да ги финансираат напорите на Обединетите нации за ублажување на гладот, се вели во извештајот.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top