Ное 9, 2011

Саркози: Папандреу е луд, а Нетанјаху е лажго

Францускиот претседател Никола Саркози го нарекол грчкиот премиер „луд” и „депресивен”, а за израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху мисли дека е лажго.Ова Саркози го кажал во приватен разговор со американскиот колега Барак Обама, минатиот четврток на самитот на Г-20 во Кан, пишува францускиот весник „Паризиен”.Зборовите на Саркози случајно ги слушнале голем број новинари преку слушалките за симултан превод, кои им биле поделени непосредно пред прес-конференцијата на двајцата шефови на држави.Според „Паризиен“ Саркози и Обама се согласиле дека Папандреу направил огромна грешка со предлогот з…

Ное 8, 2011

Отровна мувла во бебешки кашички

Производител на детска храна „Семпер“ од Швeдска, повлече од пазарот прехранбени продукти за деца, откако во нив биле откриени траги од мувлосани состојки.Станува збор за овошни каши од марката „Смафолк“ наменети за бебиња. Отровните состојки што се најдени во мувлата се от типот афлатоксин и предизвикуваат канцер, јави Шведското радио.Според службата за информирање на „Семпер“ нивото на откриениот афлатоксин е нешто повисоко од пропишаното ниво со Законот за детска храна во Шведска.„Семпер“ едновремено тврди дека откриеното ниво на отровна мувла не е алармантно. Но токсикологот Лилиан Абра…

Ное 7, 2011

ФOTO: Гола Украинка протестираше во Ватикан

Активистка на украинското женско движење “Femen” беше уапсена пред базиликата Свети Петар во Ватикан каде протестираше гола.Русокосата  активистка соблечена гола држејќи  во рацете натпис „Слобода за жените“ се појави на плоштадот по говорот на папата Бенедикт, по што полицијата веднаш ја уапси за нарушување на редот и мирот.{loadposition content9}

Ное 7, 2011

Босфорот поцрвене од крвта на животните заклани за Курбан Бајрам

Протокот Босфор во Истанбул поцрвене од крвта на жртвените животни кои се заклани вчера по повод големиот муслимански празник Курбан Бајрам, пренесе турската приватна телевизија СиЕнЕн-Турк.Телевизијата објави снимки на кои јасно се гледа како на неколку метри од брегот водите на морето се сосема црвени.И покрај сите предупредувања многу луѓе во Истанбул сакаа да ги заколат животните на незаконски места, како споредни улици и паркови, а крвта што истекувала го бојадиса во црвено определен дел од водата на Босфор.Општинските власти секоја година ги повикуваат граѓаните да ги колат животните …

Ное 5, 2011

Ѓаволско партнерство

Според сите стандарди, американските деца се премногу дебели и родителите се земаат на одговорност што ги хранат со нездрава храна. Но, сега, критиката обвинува и нешто друго.Тоа се вика – прекумерно рекламирање. Гледате дека произведувачите на храна што дебели, дебело плаќаат нивниот производ да биде божем случајно покажан  во цртани филмови и  видео игри, како никогаш досега. Во анимирани приказни, ликовите на децата не само што трчаат наоколу со супер-херои и принцези, туку јадат и зашеќерени житарки, крем-супи и лепливи бонбони.Ова не се измислени производи. Реални се, како Honey-Nut Ch…

Ное 4, 2011

Путин ја тепал и изневерувал својата сопруга

Путин редовно ја тепал и изневерувал својата сопруга, пишува во документи на Германската тајна служба од времето кога тој бил агент на КГБ, пренесе “Дејли телеграф”.До овие информации на Германската тајна служба сосема случајно дошол Ерик Шмит Енбум, експерт за разнување, кој досега објавил повеќе книги за работата на службата во текот на 80-те години на минатиот век.Тоа го открила неименувана Русинка, двоен агент, која Германците ја пратиле да “глуми” преведувач на сопругата на Путин, Људмила. Шпионката со кодирано име “Балкон”, кое го добила поради нејзините големи гради, толку се зближил…

Ное 4, 2011

Нуклеарна војна на прагот

Деновиве беше провален тајниот план на Израел и САД. Според овој план Израел би го нападнал Иран, а потоа би му се придружиле Америка и Велика Британија.Израелскиот премиер Бенџамин Нетанјаху успеал да го убеди својот кабинет да го одобри воениот напад врз Иран, поради неговото нуклеарно оружје, пишува Гардијан.Спореде зборовите на воените аналитичари, доколку Израел го нападне Иран тој би бил подржан од САД и Велика Британија. Америка уште веднаш би ги ракетирала иранските нуклеарни постројки, за да оневозможи напад на Израел со нуклеарно оружје.- Откако САД ќе го нападне Иран, ќе побара п…

Дек 18, 2016

За нападот во Кајсери, Ердоган ја обвини PKK

Терористичкиот напад во турскиот град Кајсери во кој во саботата утрото загинаа 13 а ранети се 55 луѓе, главно војници, го извел бомбаш самоубиец објавија турските власти, а претседателот Реџеп Тајип Ердоган рече дека зад нападот стои забранетата Работничка партија на Курдистан (PKK) која и САД и ЕУ ја сметаат за терористичка организација. Претседателот Реџеп Тајип Ердоган во писмена изјава рече дека „сепаратистичката терористичка организација“ стои за нападот, додавајќи дека тие напади не се „без поврзаност со случувањата во Сирија и во Ирак“. Ердоган под овој поим ја подразбира Работничк…
Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top