Ѓаволско партнерство

Според сите стандарди, американските деца се премногу дебели и родителите се земаат на одговорност што ги хранат со нездрава храна. Но, сега, критиката обвинува и нешто друго.

 |   | 
happy meal od Mc Donalds
happy meal od Mc Donalds

Според сите стандарди, американските деца се премногу дебели и родителите се земаат на одговорност што ги хранат со нездрава храна. Но, сега, критиката обвинува и нешто друго.

 happy meal od Mc DonaldsТоа се вика – прекумерно рекламирање. Гледате дека произведувачите на храна што дебели, дебело плаќаат нивниот производ да биде божем случајно покажан  во цртани филмови и  видео игри, како никогаш досега. Во анимирани приказни, ликовите на децата не само што трчаат наоколу со супер-херои и принцези, туку јадат и зашеќерени житарки, крем-супи и лепливи бонбони.

Ова не се измислени производи. Реални се, како Honey-Nut Cheerios и M&M бонбони. Децата ги гледаат овие призводи и ги купуваат. Или, почесто, ги молат родителите да им ги купат, што е токму намерата на производителите кои ги вметнуваат нивните производи во цртаните филмови. Многу родители ги гледаат овие цртани филмови со нивните деца и се врзуваат за приказната, и многу често – за производите.
likovi od animirani filmovi na happy meal od Mc Donalds
Најпопуларно партнерство од овој вид се „Neopets“. Ова се симпатични мали ликови кои живеат во, како што се вели, „виртуелна заедница на домашни миленици“ на Интернет. Повеќе од 60 милиони деца се преправаат дека имаат „свои“ миленици додека ги играат игрите на  „Neopets“.

Кога ликовите како Ајша и Бори и Кугра огладнуваат, тие јадат пржени компири на МекДоналдс. Во една промотивна кампања МекДоналдс стави мала фигура на Neopet играчка и тоа е многу реален оброк за деца од хамбургер и зашеќерен пијалок и пржени компирчиња.

Сето ова предизвикува  реакција кај поборниците на здрава исхрана. Додека симпатичните ликови на цртаните филмови ги полнат касите на корпорациите, тие велат дека  во исто време ги прават американските деца зависни од нездрава храна и ги влечат кон патот на гојазност.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top