Нуклеарна војна на прагот

Деновиве беше провален тајниот план на Израел и САД. Според овој план Израел би го нападнал Иран, а потоа би му се придружиле Америка и Велика Британија.

 |   | 
nuclear war
nuclear war

Деновиве беше провален тајниот план на Израел и САД. Според овој план Израел би го нападнал Иран, а потоа би му се придружиле Америка и Велика Британија.

Израелскиот премиер Бенџамин Нетанјаху успеал да го убеди својот кабинет да го одобри воениот напад врз Иран, поради неговото нуклеарно оружје, пишува Гардијан.

Спореде зборовите на воените аналитичари, доколку Израел го нападне Иран тој би бил подржан од САД и Велика Британија. Америка уште веднаш би ги ракетирала иранските нуклеарни постројки, за да оневозможи напад на Израел со нуклеарно оружје.

– Откако САД ќе го нападне Иран, ќе побара поддршка од неговите сојузници, а меѓу првите од нив е Велика Британија. Воените стратези на оваа земја веќе ги разгледуваат плановите за разместување на бродовите и воената морнарица, опремни со проектилите, „томахавк“ кои би учествувале во воената кампања- пренесува Гардијан.

Од друга страна иранските официјални лица ги отфрлаат тврдењата дека Иран поседува нуклеарно оружје.
Iran nuklearna programa
– Со тврдењата дека Иран поседува нуклеарно оружје сакаат да ја придобијат светската јавност. На сличен начин е започната и воената интервенција во Ирак, но на крајот се докажа дака оваа земја не поседува нуклеарно оружје, изјави иранскиот воен заповедник Хасан Фироузабади. Тој додал дека Иран во никој случај нема да седи со скрстени раце при евентуален напад.

Нашиот против напад ќе биде брутален и ќе предизвика неверојатен шок во Израел.

Само еден ден откако Израел успешно ја тестираше својата нова ракета, за која воените аналитичари сметаат дека може да стигне до Иран, во јавнооста излезе информацијата дека израелскиот премиер Нетанјаху врши притисок на парламентот да одобри воена интервенција

– Израел има ракети од типот „Јерихон“, способни да носат боеви глави како и пресретнувач на ракети „Ероу“. Со тоа вооружувајње Израел би можел без проблеми да го нападне Иран од својата територија.

Се размислува за напад со балистички ракети, при што се отфрла опцијата за воздушни напади. Авините би морале да ги прелетаат, Сирија, Ирак и Саудиска Арабија за да дојдат до Иран, изјавил неименува претставник на израелските власти близок до воениот и политички врв на оваа земја.
raketi
Инаку Израел го смета Иран за најголем непријател, бидејќи иранскиот претседател Махмуд Абаз во повеќе наврати повика на уништување на израелската држава. Во случај Израел да го нападне Иран, тоа не би било првпат во историјата, изралеската армија да ги уништи нуклеарните постројки во некоја друга држава.

Прв пат тоа беше акцијата „Озирак“, при која Израел во 1981 година го уништи ирачкиот нуклеарен ректор кој што беше во изградба. Вториот напад беше во 1981 година кога беше уништен атомскиот реактор во Сирија.

Се претпоставува дека и Израел и Иран поседувааат нуклеарно оружје, кое при евентуална војна сигурно би било искористено, што значи дека на повидок е нуклеарна војна.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top