Руската новинарка Марина Овсијаникова, која упадна во програма во живо на руската телевизија „Прв канал“, за да протестира против војната во Украина е пријавена за исчезната во текот на ноќта, пишува Би-Би-Си.

Овсијаникова, уредничка на „Прв канал“, кој е под државна контрола, беше приведена откако вчера се појави со антивоен знак.
Знакот, јасно видлив на неколку секунди, гласеше: „Не за војна, прекинете ја војната, не верувајте во пропагандата, овде ве лажат“. Сега не се знае каде се наоѓа уредничката.
Адвокатот на г-ѓа Овсијаникова, Павел Чиков, објави на Твитер дека не може да го најде својот клиент.
Марина Овсијаникова сè уште не е пронајдена. Таа е во затвор повеќе од 12 часа – рече тој во вторникот наутро.
Тој вели дека првичната полициска истрага „не дава основа за притвор и затвор“.
Полицијата ја уапси поради новиот закон со кој се забранува воената акција на Русија во Украина да се нарекува „инвазија“ или ширење „лажни вести“ за конфликтот.
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град