Полициската станица Струга поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела дела „тешка кражба на дрзок начин“ и „одземање на патничко моторно возило“, поднесе кривична пријава против двајца полски државјани.23-годишниот С.Ј. и 20-годишниот Ф.Д.Б. на 29-ти март годинава, во Скопје бесправно одзеле патничко моторно возило „Опел кадет“ кое го забележале паркирано и необезбедено. Го украле возилото и се упатиле кон Охрид. На 31-ви март кај манастирскиот комплекс во Калишта, од повозрасен жител на Струга одзеле кожна јакна со 800 денари, еден мобилен телефон марка „Самсунг“ и лични д…
Заводот за нефрологија функционира и без срцето на установата, хемодијализата. Првиот човек на институцијата Сами Мена вели дека не е против приватна дијализа, туку нивните реакции до ресорното Министерство за здравство биле да им укажат дека Заводот за нефрологија е од суштинско значење за Струга бидејќи тука се вршеле многу дејности, од дијагностика, лечење па се до хемодијализа. Мена нагласи дека Заводот располага со болнички, уролошки, дијагностички дел, со трансфузија и физикална терапија, како и сопствена инфективна амбуланта со најдобри лабараториски делови и нормално делот од хемоди…
Дивите депони реален проблем во струшкиот регион. Градежен шут, стара покуќнина, санитарии, остатоци од храна, и што уште не може да се забележи покрај патот за влез и излез од Струга. Сликата од терен говори дека стружани речиси и да не ја ценат работата на ЈП, бидејќи на очиглед на сите, тие по старите лоши навики одлагаат секаков вид на смет посебно градежен шут, на кого каде ќе му текне само да е надвор од неговиот двор.„Претежно ние како ЈП ги имаме тие проблеми, значи несовесни граѓани фрлаат претежно градежен шут и на некој начин дивите депонии ни се се поприсутни во градот и на пери…
Игор, Јасе, Деа, Нури, се само некои од штитениците на Центарот за подобрување на квалитетот на живот на лицата со интелектуална попреченост и нивните семејства, „Порака Нова“ од Струга кои поголемиот дел од денот го минуваат токму тука. Оваа организација е формирана во 1984-та година, од страна на група родители кои имаат деца со посебни потреби, конкретно со интелектуална попреченост и оттогаш непрекинато функционира. На почетокот Порака функционира како социјален клуб, во кој се одвивале одредени активности, дружења, екскурзии, за да во 2005-та година, со помош на Локалната Агенција за …
Струга е град на мостовите. Овој епитет кој го носи градот на двете страни на реката црн Дрим не е бадијала кажан, бидејќи постарите стружани паметат дека некогаш во овој град имало над 100 мостови. Тие претежно биле од дрвена конструкција, адаптирани за разни потреби, и ги имало во секој реон. Таму жените переле алишта бидејќи порано немало водовод и канализација, се присетува нашиот соговорник Аспарух Попоски еден од постарите стружани.„Со тек на време кога се регулира нивото на езерото и Дримот се направија други мостови од бетонска конструкција, со арматура, бидејќи претходните беа дрве…
НУ Музејот д-р Никола Незлобински подготвува интересна музејска поставка во Враништа, струшко. Целокупната археолошка материја од локалитетите во Враништа што се откриени изминативе 50 години ќе бидат презентирани пред научната и стручна јавност, како и пред сите љубителите на културното наследство. Директорот проф. Д-р Сашо Цветкоски, вели дека овој битен проект е дел од теренската програма која музејот треба да ја реализира до средината на оваа година. „Значи тоа ќе го изложиме и ќе го презентираме во една интересна збирка која ќе опфати период од праисторија до среден век, доцен среден в…
Пречистителната станица во Враништа повторно го уклучува црвениот аларм кај екологистите. Според последните испитувања на квалитетот на водите во охридско-струшкиот регион, водата која би требало пречистена да излегува од станицата во Враништа, наместо со подобар, таа со полош квалитет се влева во реката Црн Дрим. Д-р Сашо Точков, бромолог во Центарот за јавно здравје од Охрид вели дека неефикасното работење на пречистителната станица во Враништа ја оптоварува реката Црн Дрим и ја загадува нејзината вода. „Станицата уште од кога е поставена си имала своја улога значи како собирна станица и …
Изгоре голема површина на трска кај Подмолје. Пред два дена, сите оние кои поминаа по стариот пат Охрид – Струга имаа можност да забележат како пламените јазици проголтаа добар дел од трската, која претставува природен филтер. Екологистите потсетија кое е значението на заедниците на трска. „Со уништување на трската, не се уништива само како растение, туку се уништуваат и живеалиштата на птиците, нивните гнезда, потоа живеалиштата на ципровидните риби исто така се уништува и трската која што значи природен прочистувач на водите од Охридското Езеро и комплекс кој што штити од налетот на бран…