Заводот за нефрологија Струга, функционира и без срцето на установата, хемодијализата

Со приватизација на одделението за хемодијализа во Заводот за нефрологија Струга, се е по старо, вели директорот Сами Мена. Само 150 пациенти од амбулантниот дел од овој Завод се водат на списокот на концесионерот Систина Нефро плус.

 |  Николоска Биљана  | 
dijaliza
дијализа

dijalizaЗаводот за нефрологија функционира и без срцето на установата, хемодијализата. Првиот човек на институцијата Сами Мена вели дека не е против приватна дијализа, туку нивните реакции до ресорното Министерство за здравство биле да им укажат дека Заводот за нефрологија е од суштинско значење за Струга бидејќи тука се вршеле многу дејности, од дијагностика, лечење па се до хемодијализа. Мена нагласи дека Заводот располага со болнички, уролошки, дијагностички дел, со трансфузија и физикална терапија, како и сопствена инфективна амбуланта со најдобри лабараториски делови и нормално делот од хемодијализа во кој се вршеле над 30 000 хемодијализи годишно.

„Со поделбата на амбулантската дијализа нас ни се одзеде дејноста амбулантска хемодијализа кај што се дијализираат пациенти од Струга, Охрид, Мак Брод, Кичево, Ресен, значи амбулантските пациенти отидоа во приватниот дел, Систина Нефро плус. Нас ни останаа болничките пациенти и болничката хемодијализа тие пациенти со компликации“ – вели Мена.

dijalizaДиректорот Мена вели дека и покрај тоа што одделот за хемодијализа се приватизирал, грижата за нивните долгогодишни пациенти продолжува и понатаму во користење на одредени услуги. Од медицинскиот персонал 20 добро обучени сестри останале во приватизираниот дел и тие го изведувале целиот процес на хемодијализа додека пак од докторите не останал ниеден. Мена нагласува дека во Заводот за нефрологија требало да се среди буџетскиот дел.

„Нас ни останаа некаде 180 вработени и тие имаат огромен дел, влегуваат во плата, значи сега доаѓаат моменти кога платата го зема најголемиот дел од буџетот. Но за тоа ќе се договориме со Фондот, уште сме во разговори да го додефинираме тој дел, бидејќи и цената на хемодијализа се покачи“– нагласува директорот.

Во моментов во Заводот за нефрологија на болничко лекување има 50 пациенти, плус 20 од Албанија, со кои Заводот има договор. Додека пак во амбулантниот дел има некаде околу 150 пациенти. Директорт кажа дека досега концесионерот на дијализа, односно Систина Нефро плус нема донесено нова опрема, ги користеле нивните простории, апаратура, струја, вода. Тој очекува набрзо да склучат анекс договор како би се направила компензација. Инаку приватникот согласно договорот треба да користи 500 квадрати дел за хемодијализа од Заводот за нефрологија. Мена смета дека со отварање на оделенија за дијализа во Охрид и Кичево тој простор ќе биде доволен за пациентите од Струга.

{loadposition content9}

 

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top