На 14.09.2021 година во 14 часот на локален пат кон струшкото село Октиси, полициски службеници од Полициското одделение Велешта извршиле контрола во патничко моторно возило „Нисан” со струшки регистарски ознаки, управувано од С.Ц.(67) од селото Октиси, при што било констатирано дека бесправно и без соодветна документација превезувал огревно дрво.
Возилото и дрвата со записник биле одземени и предадени на Шумската полиција во Струга.
По целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава – информираат од СВР Охрид.
На 14.09.2021 година во 14.30 часот во ОВР Струга пријавено е дека настанал пожар во стан на улица „Партизанска”, сопственост на В.М.(33) од Струга.
Во пожарот, во кој нема повредени лица, опожарени се дел од покуќнината, а натамошното ширење е спречено со интервенција на Територијалната противпожарна единица од Струга – информираат од СВР Охрид.
На 14.09.2021 година во ОВР Струга приведена е М.Н.(28) од Дебар, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „запуштање и малтретирање на дете”. Таа, околу 15.30 часот на улицата „Климетица” во Струга физички го нападнала својот осум годишен син и го присилувала да питачи.
Од полициски службеници и претставници од Центарот за социјални работи, малолетникот e пренесен во Општата болница во Струга каде му e укажана лекарска помош и констатирани телесни повреди, по што e пренесен и сместен во Јавната установа „Мајчин дом за доенчиња и мали деца” во Скопје. По целосно доку…
Во Здравствениот дом „Д-р Светозар Чочороски“ започна со работа кабинет за физикална терапија. Согласно стратегијата за развој на здравствената установа за еден месец ќе започне со работа и офтолмолошка амбуланта.
Вевчанскиот здравствен дом покрива 30 000 пациенти, на потегот од Велешта до општина Дебар. Јавната установа функционира како поликлиника, централата е во Вевчани, но има и две поликлиники во селата Лабуништа и Велешта. Со отворањето на новите кабинети Вевчани се стреми кон развој на здравствен туризам.
Инвестираме во кадар, во опрема, во адекватни услови и во рамките на таа ст…
Народните носии автентични за Југозападниот регион во земјава собрани во Монографија „Од Љубанишча до Дебор“. Автор е млад стружанец, колекционер, кој од своите 15 години започнал со собирање на народни носии. Монографијата содржи фотографии на невестински носии од крајот на 19 и почетокот на 20 век, 12 етнички предели од брсјачката и дебарско – реканската етнографска целина. Станува збор за вистински ремек дела, кој ја отсликуваат креативноста на жените од регионот.
Успеав да соберам една така побогата колекција која ја претставив во монографија. На монографијата се работеше околу год…
На 10-ти септември 2021 година, во 08.00 часот во Струга на магистралниот пат А2 Струга-Ќафасан во близина на каменолом се случила сообраќајна незгода во која е повредено едно лице.
Незгодата се случила помеѓу патничко моторно возило марка „Мерцедес“ со албански национални ознаки, управувано од страна на 16-годишен малолетник од Република Албанија, и товарно моторно возило „Сканија“ со приколка со беровски регистарски ознаки, управувано од страна на 63-годишниот Б.О. од Велес. По незгодата малолетниот возач е пренесен во болницата „Св. Еразмо“ во Охрид каде од доктор му се констатирани…
Се намалува бројот на хоспитализирани во струшката болница. Моментално има 28 пациенти на болничко лекување, од кои 14 невакцинирани со потешка клиничка слика и на кислородна поддршка. Вакцинираните се во постабилна состојба, велат лекарите.
Во истовреме расте и интересот за вакцинација. Дневно на вакциналните пунктови во Струга се вакцинираат околу 400 лица, вкупно се имунизирани 23 000 граѓани.
Јас сум задоволен од бројот и од одзивот на граѓаните е сега во смисол на гужва има бидејки не е со закаување на термини. И самите граѓани тука грешат бидејќи им се даваат бројчиња и знаат отпр…
Завршува препораката за онлајн настава во училиштата во Струга и Кичево. Според министерот за здравство епидемиолошата состојба дозволува и во овие градови образовниот процес, од четврток да продолжи со физичко присуство.
Доколку се почитуваат сите протоколи децата се безбедни. Во среда завршува препораката за онлајн настава во средните училишта во Струга и во Кичево, останува уште една недела за Тетово и Гостивар. Ќе има состанок на Комисијата за заразни болести за да се евалуира дали треба продолжување или учениците ќе започнат со настава со физичко присуство – рече Филипче.
Од ср…