Авг 17, 2021

Физички напад врз лице од Франгово во Струга

ОВР Струга поднесе кривична пријава против 32-годишниот А.И. од струшкото село Радолишта.На 3-ти август 2021 година, на улицата „Маршал Тито“ во Струга со употреба на дрвен предмет го нападнал 34-годишниот Б.И. од селото Франгово – информираат од МВР.

Авг 16, 2021

Протест во Враништа

Враништани два дена на протести. Жителите бараат водоводна и канализациона мрежа. Велат сами се приморани да градат септички јами, кои се излеваат низ селото и се потенцијална опасност по здравјето на луѓето. Колекторот за отпадни води е изграден на земјиште кое припаѓа на село Враништа, а жителите немаат канализација со децении не се поврзани во колекторскиот систем.И покрај бројните ветувања дадени од страна на властите во текот на сите години граѓаните на Враништа остануваат без канализациона мрежа а што е најтрагино на само 50 преку Црн Дрим се наоѓа колекторот за отпадни води од це…

Авг 16, 2021

ЗАПОЧНУВА ФЕСТИВАЛОТ „ПОБРАЖЕЊЕ“- ВЕВЧАНИ

Денеска во Вевчани започнува 11-тиот по ред фестивал на народна култура „Пображење“ во организација на Културно Уметничкото Друштво „Дримкол“ и ќе трае до 19 Август. Свеченото отворање на фестивалот ќе биде утре 17.08. на големата сцена во спортското двориште каде ќе настапат домашни и странски уметници.Заокруживме една успешна декада постоење на овој фестивал, се радуваме што фестивалот е веќе јасно препознатлив во нашата земја и пошироко. Вевчани отсекогаш бил достоен чувар на традицијата, со векови го негува и презентира фолклорното творештво на својот народ, а токму и овој фестива…

Окт 15, 2020

Професорот Марјан Радески добитник на признанието Просветен работник

Професорот Марјан Радески од Охрид, директор на ОУТУ „Ванчо Питошески“ е меѓу 4цата добитници на државното признание просветен работник за учебната 2019/2020 година. Покрај Радески, признанието го добија и професорите Штефица Ујчик од Куманово, Добри Јовевски од Крива Паланка и педагогот Маринела Бошева од Скопје. Признанијата денеска им ги додели Министерката за образование и наука Мила Царовска.  Честитајќи им на наставниците кои со својот труд, креативност, иновативност и посветеност кон децата вклучени во училишно и предучилишно образование оставиле посебен белег, Царовска им посака и п…

Авг 13, 2021

Пожар на депонија и нива во Струшко

На 12-ти август 2021 година, околу 21:00 часот во ОВР Струга пријавено е дека настанал пожар на депонија и нива со нискостеблеста вегетација во близина на локалниот пат помеѓу струшките села Долно Татеши и Мислодежда.Со интервенција на Територијалната противпожарна единица Струга, пожарот, во кој нема повредени лица, е локализиран, а потоа целосно изгаснат – информираат од СВР Охрид.

Авг 12, 2021

ЛИДИЈА ДИМКОВСКА Е ДОБИТНИК НА НАГРАДАТА „БРАЌА МИЛАДИНОВЦИ“

Познатата македонска поетеса Лидија Димковска е добитник на наградата „Браќа Миладиновци“ што се доделува од страна на Струшките вечери на поезијата за најдобра поетска збирка помеѓу две фестивалски изданија. Димковска е добитничка на наградата за нејзината поетска збирка „Гранична состојба“ во издание на ИЛИ- ИЛИ. Жири комисијата, од пет поетски збирки во потесен круг ја одбра најдобрата која е носител на овогодинешната награда „Браќа Миладиновци. Наспроти нималку лесната задача од пристигнатите книги да се одберат пет што ќе влезат во потесен избор и за кои одлучуваа нијанси, одлуката на…

Авг 11, 2021

утре дезинсекција против комарци во Струга

На барање на Министерство за транспорт и врски, во четврток (12.08.2021), на територитјата на општина Струга на површина од 1000 хектари, ќе се спроведе дезинсекција против комарци. Прскањето ќе почне од 22.00 часот до утринските часови на 13.08.2021. Центарот за јавно здравје ќе извршува контрола на дезинсекцијата на територијата на општина Струга.

Авг 6, 2021

Рамиз Мерко кандидат за нов мандат во Струга

Актуелниот градоначалник на Струга, Рамиз Мерко ќе биде кандидат на ДУИ за нов мандат за градоначалник на претстојните локални избори во октомври. Одлуката ја соопшти првиот вицепремиер од редовите на ДУИ, Артан Груби, за време на панел-дискусија организирана од Општина Струга по повод 20 години од Охридскиот рамковен договор.Рамиз е добар градоначалник и за Македонците и за Албанците, и за Турците и за Ромите. На присутните им испратив порака од господинот Ахмети дека господинот Рамиз Мерко ќе биде кандидат за уште еден мандат во Струга на локалните избори за 17 октомври затоа што сме…
Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top