Вевчани карневал
Јан 13, 2022
Традиција

Карневалско лудило во Вевчани

Првиот човек на општина Вевчани ја повика јавноста да не замерува за маските, василичарите немаат намера да навредат никого ни по верска, ни по национална основа. Има многу хумор многу сатира и тоа е убавината на овој карневал. Ќе ја прикажат годината онаква каква што била со сите позитивности и негативности во неа. Не треба да бидеме суетни. Тоа се маски кои не сакаат никого да навредат или повредат никакви национални или верски чувства. Во овој театар на отворено ако се види многу грубост не треба да се груби ако видите многу вулгарност не треба да сте вулгарни. Пораката е преку н…

Црн Дрим Струга
Јан 5, 2022

Кривична за жител на Радолишта кој дивеел во Струга

ОВР Струга поднесе кривична пријава против М.Е. (22) од струшкото село Радолишта поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „насилство”. Тој на 12.12.2021 во угостителски објект на улица „Ристо Крле” во Струга упатил закани кон А.Р. (24) од Струга, а потоа го оштетил инвентарот и опремата во објектот – се вели во соопштението на СВР Охрид.

Црн Дрим Струга
Сеп 25, 2021
ОВР Струга

Пуштени во оптек фалсификувани евра во Струга

На 24-ти септември 2021 година, во Полициската станица во Струга било пријавено дека во три спортски обложувалници во Струга биле пуштени во оптек фалсификувани евра. Според пријавеното, во трите обложувалници, во периодот од 21:00 до 21:30 часот влегле по три лица и од вработени размениле фалсификувани банкноти од по 100 евра. Банкнотите биле подигнати за понатамошна постапка. Се преземаат мерки за расчистување на случаите – информираат од МВР.

чешма
Сеп 24, 2021
Комунални услуги

Забранета за пиење водата од градскиот водовод во Струга

Водата од градскиот водовод во Струга е загадена и не треба да се користи за пиење и лична хигиена, соопшти јавното комунално претпријатие „Водовод и канализација“. Како што е наведено во соопштението, загадувањето, настанало поради дефект во водоводната мрежа. Ги молиме сите граѓани да не конзумираат вода за пиење, за лична хигиена и производство на прехранбени производи до следното известување. Работните тимови на претпријатието се на терен, за да се реши проблемот – посочува ЈП „Водовод и канализација“ Струга. Екипите на претпријатието, работат со голем интензитет, пуштени се хид…

Манастир Калишта
Сеп 20, 2021
Верски празници

Во Калишта вечерва започна одбележувањето на празникот Мала Богородица

Во манастирот „Света Богородица“ кој се наоѓа во струшкото село Калишта, вечерва и утре се одбележува големиот христијански празник „Рождество на Пресвета Богородица“. Народот верува дека Пресвета Богородица е заштитничка на мајките воопшто и на леунките посебно, поради што жените што раѓаат ја повикуваат да им помогне полесно да се породат. Исто така, се верува дека таа им помага и на жените што немаат деца. Затоа ваквите жени оделе во црквите посветени на Богородица и се молеле пред нејзините икони. Манастирскиот комплекс Св. Богородица кај струшкото село Калиште е резиденцијален на врвот…

Шах турнир
Сеп 20, 2021
Куп на шампиони во шах

Европската шаховска елита се собра во Струга

Струга домаќин на Европската шаховска елита. Од викендов во градот на мостовите започна Купот на шампиони во шах. Врвни домашни и светски шаховски имиња ќе ги одмерат силите, а присуствува и светскиот првак Магнус Карлсен. Нашата земја по трет пат во историјата е домаќин на најсилното клупско шаховско натпреварување, каде се собрани најдобрите играчи на денешницата. Сите европски држави се застапени преку своите најсилни клубови, засилени со шахисти од целиот свет. Дојде и светскиот првак во шах Магнус Карлсен еден од најдобрите играчи на денешницата. Така да голем број играчи од голем бр…

куче
Сеп 16, 2021
ОВР Струга

Куче скитник каснало жена во Струга

На 15-ти септември 2021 година, 65-годишната С.П. од Струга пријавила во надлежната Полициска станица дека била касната од куче скитник. Инцидентот се случил додека се движела покрај езерото – информираат од СВР Охрид.

кубирани дрва
Сеп 16, 2021
Дрвокрадство

Приведени две лица од Велешта поради нелегален транспорт на дрва

На 15.09.2021 година во ОВР Струга, полициски службеници од ОВР Струга ги лишија од слобода се И.Б.(49) и Т.Б.(25), двајцата од струшкото село Велешта. Истите, на 15.09.2021 година, во близина на селото биле затекнати во нелегален транспорт на дрва при што, извршиле спречување на службени лица при вршење службени дејствија. По целосно документирањ на настанот, против нив ќе биде поднесена соодветна пријава – информираат од СВР Охрид.
Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top