Фев 11, 2010

Македонски титл на странските канали

Кабелските оператори треба да обезбедат титл на Македонски јазик за странските програми што ги реемитуваат. Успешна имплементација на овој дел од Законот за радиодифузната дејност во целост се очекува за два до три месеци.Титл на македонски јазик ќе има, но најбрзо за 2-3 месци. Според делот од Законот за радиодифузната дејност, програмските сервиси што се ремитуваат преку јавните комуникациски мрежи мора да бидат титлувани на македонски јазик. За реализација на овој проект во целост, потребни се минимум два до три месеци. Причините за побавната реализација се од техничка природа. Гоце Иван…

Фев 11, 2010

Стружани ќе добијат капела

Гробиштата и на православните и на муслиманите планирено е да бидат на едно место. Обраснати во трева, неуредени парцели, расфрлан смет, кучиња скитници е само дел од лошата слика со која се сретнуваат секојдневните посетители на гробните места. Досега на струшките гробишта не беа решени имотно правните односи. Тоа се смета како основна причина на незавидната состојба во која години наназад се наоѓаат гробиштата во Струга. Сосем свесен за состојбите, првиот човек на комуналното претпријатие Петко Кутаноски, вели дека работите полека но сигурно се средуваат, надминати се проблемите и веќе о…

Фев 10, 2010

Покрив над глава за 25 наркозависници

Сите клучни институции, Центарот за социјални грижи, Општа болница Струга и градоначалникот се истомисленици дека што поскоро треба да се делува до ресорното министерство, за да се реализира една ваква општокорисна цел. Дневен центар за зависници е повеќе од потребен во Струга. Проблемот со наркозависниците со години наназад се провлекува, но во последно  време е со поголем интензитет. Имено во Струга на оваа категорија луѓе оневозможена им е секундарната заштита. Тоа значи дека нема прифатилиште или центар во градот за нивен третман со метадонска терапија.Директорот на Социјални грижи од С…

Фев 10, 2010

„Вешта жена“ по деветнаесети пат во Струга

Традиционално во овој период од годината во Струга се одржува манифестацијата „Вешта жена“. Оваа сабота по деветнаесети пат, 4 жени ќе ја покажат својата вештина во кулинарство и слаткарство пред присутните гости на натпрварот. Претседателката на организацијата на жени, Наде Циркоска како тригодишен носител на првото место „Вешта жена“ за Струга, годинава според правилата ќе седи во жири комисијата.Таа изјави дека оваа манифестација пред се е сватена како вечер за дружба која ретко се доживува секојдневно, а натпреварот е дел од целокупното дружење.„Вкупните поени од присутните и отценката …

Фев 9, 2010

Плажите ќе паднат во вистински раце

Плажите во Струга актуелни и во зимскиот период. Постапката околу концесионирањето со струшките плажи мора да биде процедуралнa и правно заснована, изјави претеничката од ВМРО-ДПМНЕ Лилјана Затуроска. Оваа одлука паднала после неодамна завршениот состанок со ресорното министерство, по скандалозната изјава на екс претседателот на струшкиот комитет.  „Стружани треба да знаат дека заврши конкурсот за јавно наддавање за плажите, кој траеше до 29 ти јануари“, изјави пратеничката од ВМРО-ДПМНЕ Лилјана Затуроска.Ова следи после изјавата на екс претсаедателот на струшкиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ Сла…

Фев 8, 2010

СВР Охрид го расплеткува случајот со кражбата на икони

Се претпоставува дека ова се иконите што пред една недела биле украдени од црква во Крушево, а кои преку Албанија требало да бидат прошверцувани. Во близина на иконите пронаједоно е и опажарено возило марка Мерцедес.СВР Охрид и полициската станица од Дебар пронајдоа 25 икони во месноста Жичен Мост, во атарот на селото Спас, во близина на македонско-албанската граница. На лице место беше извршен увид од страна на истражен судија и екипа на дебарската полиција. „Полицијата иконите ги пронајде во четири јутени вреќи запакувани во две големи најлонски кеси. Вреќите се пронајдени во близина на м…

Фев 8, 2010

Започна кадровската реорганизација на Охридскиот аеродром

Претставници од турската компанија ТАВ, по повеќедневното ангажирање околу  аеродромот “Алекснадар Велики” во Скопје, пристигнаа и во Охрид. Тимот кој што неколку дена е во Св. Апостол Павле прво се зафати со нова систематизација на компанијата. Денеска по претходно обавените разговори и разгледување на документите со секој вработен поединечно им се поделија нови решенија. Согласно договорот потпишан помеѓу Владата на РМ, поточно министертвото за транспорт и врски и ТАВ Македонија ДООЕЛ, вработените кои не се задоволни од новата прераспределба имаа право да го обжалат решението во рок од 1…

Фев 6, 2010

Јаболката ќе завршат на буниште

Јаболката од Охридскиот регион поради недостаток на пласман ќе завршат на буниште. „Не паметиме олку ниска цена за килограм јаболка“, велат производтелите. Тие се приклучуваат кон останатите овоштари и бараат помош од владата да им помогне да ја надминат кризата со пласманот.Само 10 отсто од годинешната реколта охридски јаболка се продадени на пазарот. Поради неорганизиран пласман, дури 90 % од нив, ќе бидат фрлени, се жалат производителите. Во Охридскиот регион кој важи за втор во Македониија по производство, годишно се одгледуваат околу 20.000 тони јаболка. Проблемот со пласман посебно с…
Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top