Јаболката ќе завршат на буниште

„Не паметиме олку ниска цена за килограм јаболка“, велат производтелите.

 |  Тања Маленкова  | 
Jabolka
Јаболка

Gajbi so jabolkaЈаболката од Охридскиот регион поради недостаток на пласман ќе завршат на буниште. „Не паметиме олку ниска цена за килограм јаболка“, велат производтелите. Тие се приклучуваат кон останатите овоштари и бараат помош од владата да им помогне да ја надминат кризата со пласманот.

Само 10 отсто од годинешната реколта охридски јаболка се продадени на пазарот. Поради неорганизиран пласман, дури 90 % од нив, ќе бидат фрлени, се жалат производителите. Во Охридскиот регион кој важи за втор во Македониија по производство, годишно се одгледуваат околу 20.000 тони јаболка. Проблемот со пласман посебно се истакна минатата година кога голем дел од производството се исфрли бидејќи не беше обезбеден пласман, вели Илија Богоевски производител на јаболка од охридското село Лакочереј.
Тој додава „Живееме од произвдство на јаболка, а пласман за нив нема“.

„ Во овој регион 70 посто од населението живее од производство на јаболка. Пласман за сега нема никаков. Доаѓаат некои купувачи кои нудат многу ниска цена која за нас е неприфатлива. После 15 март немаме можност повеќе да ги чуваме бидејќи не сме опремени со соодветни комори и токму поради тоа јаболката ќе ни пропаднат“, вели Илија Богоески, производител на јаболка.

И Лазо Костовски кој е производител на јаболка е загрижен за моменталната ситуација. Тој вели „Оставени сме решението за пласманот да го бараме сами. Досега беше полесно да се најде пласман за јаболката од овој регион. За нашите јаболка беа заинтересирани прекупци од Босна,Србија, Косово, Албанија. Порано производството беше организирано. Тогаш постоеја многу земјоделски претпријатија како на пример „Градинар“ и  еден од најголемите производители на овошје во Македонија „Агроплод“, раскажува Лазо Костовски.
Годишната реколта од охридскиот регион јаболка е од  15 до 20 илјади тони висококвалитетно трпезно јаболко. Производителите упатија апел до Владата и ресорното Министерство за земјоделство да преземат интервентни мерки за помош. Решението на проблемот во иднина тие го гледаат во здружување на овоштарите и аплицирање до некои од развојните европски фондови, за подобрување на веќе застарените начини на производство и обезбедување континуиран пласман за нивните производи.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top