Плажите ќе паднат во вистински раце

Заврши конкурсот за концесионирање со струшките плажи.

 |  Билјана Николовска  | 
Struga plaza
Струга плажа

Struga plaza
Плажите во Струга актуелни и во зимскиот период. Постапката околу концесионирањето со струшките плажи мора да биде процедуралнa и правно заснована, изјави претеничката од ВМРО-ДПМНЕ Лилјана Затуроска. Оваа одлука паднала после неодамна завршениот состанок со ресорното министерство, по скандалозната изјава на екс претседателот на струшкиот комитет.  
„Стружани треба да знаат дека заврши конкурсот за јавно наддавање за плажите, кој траеше до 29 ти јануари“, изјави пратеничката од ВМРО-ДПМНЕ Лилјана Затуроска.
Ова следи после изјавата на екс претсаедателот на струшкиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ Славко Котески, за наводна поделба на струшките плажи според национална определба.

„Доделувањето на плажите под концесија на струшкиот дел од Охридското езеро, мора да биде преку конкурс, согласно правно-процедуралните закони во нашата држава“, рече Затуроска, која додаде дека тоа било прецизирано на неодамна одржаниот состанок во министерството за транспорт и врски.

„Добро е да се тргне по примерот на Охрид“, вели Затуроска, и додава: “Таму концесионирањето на плажите се покажа како добар пример за подобрување на општата состојба во туризмот”.

Сите заинтересирани имаа право да се пријават на конкурсот, поточно сите оние кои имаат капацитет да дејствуваат и се сметаат компетентни да ги прифатат пропишаните правила за уредување на градските плажи. Затуроска смета дека примерот со уредувањето на неколкуте плажи кои се дадоа под концесија  во Охрид, ја дава реалната слика што значи самото концесионирање со крајбрежниот дел на езерото, во позитивна смисла.  

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top