Окт 14, 2010

Реформи во спортскиот риболов

Последните резултати на македонската риболовна репрезентација на светското првенство во Англија, се показател дека под итно треба да се преземат сериозни чекори на полето на овој спорт. Во конкуренција од 19 земји во светот, репрезентацијата на Македонија беше последна. Претседателот на СРК „Св. Апостол Петар“, Радован Димитриески кажа на што се должи тоа- немањето финансиски средства да се пратат вистинските луѓе. Македонската репрезентација, на светското првенство во лов на крап, ја претставуваа Јованоски Оливер и Горѓиески Коле, од Охрид. Тие уловија еден крап од 2кгр и 800 гр за време о…

Окт 13, 2010

НВО Езерка порачуваат „Разликите се наша предност“

Денешната работилница претставува подготовка за имплементација на „Законот за дискриминација“, донесен од Собранието на Р. Македонија во април годинава, со цел граѓаните кои припаѓаат на различна етничка заедница, со психофизички недостатоци но и сите кои припаѓаат на различна вера и религија ќе се најдат во Законот кој треба да овозможи почитување на разликите без оглед кој на која група припаѓа. Законот за Дискриминација во Р Македонија е изготвен како резултат на потрбите во РМакедонија но и препораките на ЕУ, вели претставникот на Министртвото за труд и социјална политика, Елена Гроздан…

Окт 13, 2010

Ќе се следат ретките птици на Галичица

Преспанскиот регион најбогат со птици. Досега се забележани околу 293 видови од вкупно 323 регистрирани. На источната страна на НП „Галичица“ во близина на Стење, поточно во Стењското Блато, експертски тимови на оваа установа и хидробиолошкиот институт, ќе ги набљудуваат ендемичните видови на растителен и животински свет.Ретките видови птици кои во Еврпа се загрозени, во Преспа се заштитени, вели Оливер Аврамоски биолог во НП „Галичица“. Изградбата на набљудувачницата во Стењското Блато ќе биде од голема важност за регионот од неколку аспекти, додава тој. Со тоа, се обезбедува и физичка заш…

Окт 12, 2010

Се лови на големо, а се санкционира минимално

Апетитите на рибокрадците не се задоволија со истребувањето на пастрмката, сега посегаат и по белвицата. Состојбата со рибниот фонд во езерото е хаотична, тврдат охридските спортски риболовци. Оваа констатација не ја негираат ниту од охридскиот Хидробиолошкиот институт. Неодамна првиот човек на оваа установа, Гоце Костоски рече дека физичката заштита на езерото е една од неопходните мерки која треба да се преземе, посебно од албанската страна на езерото, каде ловот на оваа риба е немилосрден. Тој хипотетички кажа под кои услови може да се врати овој вид во водите на Охридското езеро.Претсед…

Окт 11, 2010

Нови училници наместо нова зграда

Наместо нова училишна зграда, во постоечките објекти на средните училишта Нико Нестор и Ибраим Темо се градат нови училници. Вака се решава  просторниот проблем во Струга.Оваа ненадејно решение малку ги изненади граѓаните затоа што уште пред две години владата и градските власти во Струга писмено се обврзаа дека во дворот на центарот ќе се изгради нова училишна зграда. Очигледно ни едните ни другите не се во можност да го спроведат ова ветување па поради тоа ќе се реализира сосема нов план, со кој ќе се доградат нови училници.„До 5 септември завршивме со доградба на некои делови, односно пр…

Окт 11, 2010

Струга го одбележа националниот празник, Денот на востанието

На денешен ден пред 69 години, на 11 Октомври 1941 година, во Прилеп и Куманово со првите партизански истрели на македонскиот народ и народностите се дигна сенародното востание против фашистичкиот окупатор. Тоа беше  пресвртница во македонската историја, од искра прерасна во оган, од кој бликна верба во успехот на вооруженото востание за социјална и национална слобода истакна од Струга, претседателот на Сојузот на борци, Ајредин Мемеди.Покрај потсетувањето за овој значаен датум од македонската историја, неколку делагации од општествениот и политичкиот живот на Струга положија цвеќе во споме…

Окт 9, 2010

ДПА Струга со низа обвинувања за градоначалникот Мерко

Општинската ДПА од Струга со низа обвинувања за работењето на градоначалникот Рамиз Мерко. Наместо албанци во неколкуте јавни институции во Струга, се вработуваат само македонци. Најголемата вина за тоа ја сносат Градоначалникот Рамиз Мерко и пратеникот од ДУИ, Тахир Хани обвинија денес на прес конференција од Струшкиот огранок на Дпа. „Мерко кој е претседател на огранокот на Дуи во Струга и пратеникот Хани во четири очи договараат се што е на штета на албанците“, вели претседателот на  огранокот на ДПА, Зијадин Села. Тој го обвинува Струшкиот градоначалник дека во Струга и Струшко дозволув…

Окт 8, 2010

Апел за помош на малиот Илче

Илче Василески кој има само една година и седум месеци боледува од церебрална парализа. Тешките материјални услови со кои се соочува неговото семејство дополнително ја влошува и онака тешката состојба. Родителите на малиот Илче немаат пари за храна ниту за потребната лекарска терапија. Мајка му Светлана тешко се соочува со оваа состојба бидејќи и самата неможе самостојно да живее и е неспособна за работа. Околу грижата на Илче и помага нејзината мајка Ристовка. Нејзиниот сопруг Мирко нема постојана работа трча да заработи корка леб каде ќе стигне. Тој низ солзи ја раскажува неговата семејна…
Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top