Апел за помош на малиот Илче

Малиот Илче Василески од Охрид, боледува од церебрална парализа. Неговото семејството живее во беда и сиромаштија, носејќи го на грб и товарот на болеста на нивното дете.

 |  Билјана Николовска  | 
Ilce Vasileski
Илче Василески

Ilce VasileskiИлче Василески кој има само една година и седум месеци боледува од церебрална парализа. Тешките материјални услови со кои се соочува неговото семејство дополнително ја влошува и онака тешката состојба. Родителите на малиот Илче немаат пари за храна ниту за потребната лекарска терапија. Мајка му Светлана тешко се соочува со оваа состојба бидејќи и самата неможе самостојно да живее и е неспособна за работа. Околу грижата на Илче и помага нејзината мајка Ристовка. Нејзиниот сопруг Мирко нема постојана работа трча да заработи корка леб каде ќе стигне. Тој низ солзи ја раскажува неговата семејна трагедија и бара помош од Власта, поточно од Министерството за здравство, сака само едно неговото дете да оздрави.
– Немам пари ни за дрва, вода немам платено, сметки имам големи немам од каде да ги подмирам тие долгови. Жена ми нема, баба ми е болна неможе да оди, самиот јас одам  трчам но еве што можам да направам ништо, вели таткото на болното дете.
Малиот Илче треба да се лекува на Детската клиника во Скопје за што требаат средства. Социјалната помош која ја добива ова семејство е 4200 денари, што не е доволна за егзистенција а камоли за превоз. Баба му на Илче, Ристовка, вели дека со последните сили се бори со сопствениот живот и незнае до кога ќе ја издржи оваа беда.
– Нема од каде јадење да направиш, измрзнавме, изгладнавме од никаде динар нема. Јас не работам ќерка ми не,  зет ми малтер меша за некој денар. Вода имаме сметки 60 000  неплатени, ѓубре 10 000. Ќора сум,  слепа, исцрпена сум душа немам.
„Жално е дете од година и пол да се испушти, вели Ратајкоски Здравко, претставник на здружението на македонско – турско – српска соработка. Тој вели кога слушнал за болеста на малиот Илче и товарот што на грб го носи неговото семејство, одлучле несебично да се ангажираат до сите институции како би му помогнале. Тие ќе организираат и хуманитерен концерт.
После државниот празник 11 октомври ќе биде отворена и жиро сметка во некоја банка, каде сите хумани граѓани ќе можат да донираат по некој денар како би се спасил еден млад живот. Неговото семејство длабоко верува дека малиот Илче ќе се излекува и дека ќе прооди.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top