Мар 17, 2011

Струга ќе добие назад атрактивни делови државно земјиште

Струга е чекор понапред од останатите општини во реализација на процесот за менаџирање со неизграденото државно земјиште, вели струшкиот градоначалник Рамиз Мерко. Со новиот Закон за градежно земјиште, управувањето со градежното неизградено земјиште, ќе почнат да го вршат единците на локалната самоуправа. Струшкиот градоначалник вели дека моментално, интензивно работат на урбанизација на атрактивните локации кои треба да се вратат владение на Општина Струга. „Направив нешто повеќе од другите општини, за 5 години колку што се зборуваше дека ќе има закон за враќање на градежно земјиште на ЛС,…

Мар 16, 2011

Златниот венец на СВП за Матеја Матевски

Академик Матеја Матевски е добитник на „Златниот венец“ на 50. јубилејно издание на светски реномираната поетска манифестација „Струшките вечери на поезијата“ за 2011 година. Ова беше соопштено вчера во МАНУ од претседателот на управниот одбор на манифестацијата Славе Ѓорго Димовски. Одборот едногласно ја донел оваа одлука на 10 март.- Во опусот на Матевски е содржан посебен поетски сензибилитет со богат израз, содржина, значење и претставува монументално созвучје на разновидности склопени во еден специфичен поетско-медитативен свет. Свет на теми идеи и ставови што го прават модерен поет, с…

Мар 15, 2011

Пет нови спортски сали

Во пет струшки населени места ќе се градат спортски сали. Приоритет ќе се даде на изградба на спортска сала во струшкото село Лабуништа, каде што веќе првиот човек на општина Струга, градоначалникот Рамиз Мерко и претставници на фирмата изведувач „Гранит“ од Скопје, имаат направено надзор. Развојот на спортот е од огромно значење, смета градоначалникот Мерко. Тој додаде дека спортските терени ќе се прават во модерен стил каде ќе има за секој по нешто и за локалната и за централната а најмогу за мештаните. Мерко признава дека неколку спортски објекти се срам за градот и воопшто за државата. …

Мар 14, 2011

ДПА реагира на партиските вработувања во Струга

ДПА по втор пат реагира на новите партиски вработувања во Струга. Претседателот на општинскиот огранок Зиадин Села вели дека во СВР Струга неодамна се вработени 7 лица сите македонци, кадар на ВМРО ДПМНЕ и тоа без конкурс. Тој јавно прашува каде е овде правичната застапеност која треба да ја има.  „ Пред два дена се вработени двајца членови на ВМРО ДПМНЕ, а уште двајца се очекува да се вработат во наредните денови – вкупно четворица вработени сите македонци. Повеќе од јасно е дека ВМРО заедно со ДУИ на прагот на предвремените избори веќе работат во правец на етнизација и партизација на пол…

Мар 11, 2011

Струга не ја сочинуваат две улици

Струга не ја сочинуваат две улици. Ваков е ставот на гардоначалникот на Струга Рамиз Мерко, во врска проблемот со локалните патишта кои се максимално оштетени со ударни дупки. Мерко вели дека не го дели мислењето на јавноста дека тоа е така, бидејќи Локалната работела согласно зацртана годишна програма за афалтирање на улици, тампонирање, бекатон и осветлување. Градоначалникот додава дека секај ден се работи на санирање на улици во градот. Мерко не ја крие и планираната сума за оваа година наменета за локалните патишта. „Се вложувало и ќе се вложува на подобрување на состојбата со патната и…

Окт 25, 2021

Пораст на семејното насилство во струшко

Пораст на семејното насилство во струшко. Иако во овој регион, жртвите претежно молчат, годинава 15 лица се охрабриле и пријавиле семејно насилство, што е двојно повеќе во однос на лани. Причина за непријавувањето според социолозите се традициите кај населението, а карактеристично е и тоа што брачната заедница не е прекината во ниеден случај. Само една стружанка, годинава се охрабрила да поведе бракоразводна постапка. Најчесто жртва е жената, но загрижува тоа што жртви се и малолетни  деца. Неодамна мајка го претепа осумгодишниот син затоа што момчето не сакало да проси, неа ќе и биде одз…

Мар 12, 2011

ДПА Струга избра старо-нов претседател

Струшкиот огранок на ДПА бира нов претседател. Предложени двајца кандидати. Досега, мандатот на претседателот на огранокот траеше 4 години. Согласно новиот статут на партијата, избори ќе има во сите ограноци на ДПА. Д-р Зијадин Села повторно ја доби довербата од своите сопартијци на денешните избори за претседател на струшкото раководство на ДПА. На денешните избори гласаа повеќе од 60 делегати. Мандатот на претседателот на огранокот траеше 4 години, но со најновите измени во статутот на партијата, донесена била одлука да има нови избори во сите ограноци на Демократската партија на албанци…

Мар 11, 2011

Мостот на Нина до на лето готов или не ?!

„Мостот на Нина“, како што го нарекуваат стружани, или дрвениот мост во Струга, и покрај ветувањата на надлежните дека ќе го санираат, сеуште се наоѓа во незавидна состојба. И покрај предупредувачката табла за опасност од тука секојдневно поминуваат многу луѓе, свесно или не  превземајќи си го ризикот врз себе. Во врска со овој проблем првично како најповикан се почуствува првиот човек на ЈП „Комунално“ Струга, Петко Кутаноски. Тој пред камерата на ТВМ уште во месец јули минатата година вети оти до крај на 2010 стружани ќе добијат нов и безбеден мост. За крајно лошата состојба на мостот све…
Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top