Граѓаните на Струга во изминативе неколку дена имаа можност преку пишани пораки да се обратат до лицето кое им нанесе големо зло, велат кандидатките за пратенички на ОК на ВМРО – ДПМНЕ, Љилјана Затуроска и Надица Николовска. Тие задоволни од одзивот за акцијата за прибирање на ваквите пораки, констатираа дека граѓаните во голем број ја искористиле можноста да се обратат до лицето Бранко Црвенковски и да му кажат што мислат за тоа што тој му го направил на овој град, на овој народ.Кандидатката за пратеник, Надица Николовска истакна дека на оваа прес конференција нема да имаат можност ни врем…
ОВР Струга поднесе кривична пријава против З.А. (50) од струшкото село Заграчани, поради постоење основи на сомнение за сторени казнени дела „недозволено изработување држење и тргување со оружје или распрскувачки материи” и „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори”.
При извршен претрес во неговиот дом, полициските службеници пронајдоа и одзедоа 18 патрони-муниција за ловна пушка калибар 16 милиметри и смола од наркотична дрога хашиш, што нелегално ги поседувал – информираат од СВР Охрид.
Утово некаде околу 7 часот и 35 минути на патниот правец Охрид – Кичево, се случи тешка сообраќајна незгода, во која настрада едно лице, К.К. 58 год, а возачот М.К. е во животна опасност. Според портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски, до сообраќајката дошло кога тешко повредениот М.К. управувајќи го своето патничко моторно возило „Ауди“, со охридски регистарски таблички кое се движело во правец према Охрид, од засега непознати причини, скршнал на спротивната коловозна лента од каде во правец на Кичево, се движел автобус со ученици на Јахја Кемал. Лицата веднаш биле пренесени во специјалн…
Која е улогата на религијата во една мултиетничка средина? Каква е нејзината улога во ситуација на испливување на судир во општествената сфера, односно како различните религиски групи ја користат својата моќ во разгорување на конфликтот, или пак допринесуваат, преку моќта што ја поседуваат, за спогодба, соработка и мирно решавање на конфликтот? За овие, а и за многу други прашања кои се наметнуваат помеѓу граѓаните во една мултиетничка средина како што е Струга, се расправаше на првата од двете дебати, предвидени во рамките на проектот „Различноста мост, а не бариера“.Проф. д-р Татјана Стој…
Струга памети, стружани не забораваат. Кандидатките за пратенички на ОК на ВМРО – ДПМНЕ, Љилјана Затуроска и Надица Николовска упатија сериозни обвинувања кон лидерот на СДСМ, Бранко Црвенкоски. Затуроска потенцира дека стружани сеуште се сеќаваат на најголемото зло кое им беше направено на граѓаните со територијалната поделба, која им ја сервира СДСМ.„Последиците од тој злочин се чуствуваат и ден денес. ОК на ВМРО – ДПМНЕ Струга одлучи да им излезе во пресрет во барањата на стружани. Да им овозможи на непосреден начин да му се обратат, да му испратат порака за тоа што им го направи, за паз…
После четири години поминати во училишната клупа струшките матуранти деновиве масовно се подготвуваат за матурската прослава. Двете струшки гимназии „Нико Нестор“ и „Ибраим Темо“, потполно подготвени за исполнување на годинешната програма на генерацијата матуранти. Директорот на „Нико Нестор“, Васил Максимоски, вели дека за годинешнава генерација матуранти максимално се ангажирал со се што било во негова надлежност.Директорот на „Ибраим Темо“, Урим Крека, вели дека годинава ќе се збогува со една примерна генерација матуранти. И во нивната гимназија се е во знак на реализациаја на матурските…
Денес струшките советници ја одржаа 27 та седница на советот. Кварталниот извештај како прва точка на дневен ред помина без отворена дискусија. Точките од сферата на урбанизмот поттикнаа дел од советниците да се произнесат. Претседателот на Комисијата за урбанизам Ќазим Иљази, истакна дека нацрт урбанистичките планови соодетствуваат согласно законските прописи, па од таа причина, комисијата ги поддржала со мали забелешки. Љуљзиме Зулали, со малку нејасна слика што се случува на полето на урбанизмот, посебно со нацрт урбанистичките планови во некои делови на градот, побара појаснување од ра…
Над 400 куршуми калибар 7,62 милиметри, ловна пушка од Руско производство без соодветни документи, неколку куршуми за огнено оружје пиштол, повеке патрони за ловна пушка, помала количина опојна дрога Хероин како и рачни часовници Ролекс и Кварт, мобилни, се пронајдени при два одвоени претреси извршени вчера кај две лица во струшкото село Велешта.По претходно добиена судска наредба, СВР Охрид реализира претреси во Велешта. Претресите се извршени во содејство со криминалистичката полиција при Полициската станица Струга при што во домовите на овие две лица, дополнително пронајдени се и сребре…