Експресна седница

Струшкиот Совет денес ја одржа 27 та седница. На дневен ред се најдоа повеќе точки од сферата на урбанизмот, како и извештајот за извршување на Буџетот на општина Струга за првиот квартал.

 |  Николоска Билјна  | 

Денес струшките советници ја одржаа 27 та седница на советот. Кварталниот извештај како прва точка на дневен ред помина без  отворена дискусија. Точките од сферата на урбанизмот поттикнаа дел од советниците да се произнесат. Претседателот на

Комисијата за урбанизам Ќазим Иљази, истакна дека нацрт урбанистичките планови соодетствуваат согласно законските прописи, па од таа причина, комисијата ги поддржала со мали забелешки.
Љуљзиме Зулали, со малку нејасна слика што се случува на полето на урбанизмот, посебно со нацрт урбанистичките планови во некои делови на градот, побара појаснување од раководителот на Секторот за урбанизам, Натмир Неџипи.
Во врска прашањето на советничката од ДПА, Зулали, одговори Неџипи. Тој рече дека урбанистичките планови подлежат на една комплицирана постапка, која мора да помине низ 7 државни филтри, а клучот не е во нив, туку во дозволите кои треба да се добијат од разни министерства.
На оваа седница советниците дадоа зелено светло на скоро на сите точки од дневниот ред. Меѓу нив се најдоа предлог одлуките за ослободување од надоместок за уредување градежно земјиште и за ослободување од комунална такса, на местото на куќите кои пред неколку месеци изгореа во пожар во струшкото село Калишта.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top